„Репортери без граници“: 66 новинари се убиени во 2014 година
Објавено во: Актуелности
на 18. 12. 2014 | | sq Автор: Филип Стојановски
Меѓународната организација „Репортери без граници“ објави преглед на насилство против новинари во 2014 година. Според нивната евиденција, во текот на оваа година, 66 новинари се убиени. Со тоа, бројот на новинари убиени поради нивната работа во последните 10 години достигна 720.
Вкупно 119 новинари биле киднапирани во текот на оваа година, што е зголемување од повеќе од 35 проценти во однос на претходната. Четириесет новинари во моментов се во заложништво.
66 journalists killed in 2014 http://t.co/YNBZLKLpBX #2014 #RSF #pressfreedom pic.twitter.com/cQonqx2BUt
— RSF / RWB (@RSF_RWB) December 16, 2014
Како најсмртоносни земји за новинарите „Репортери без граници“ ги посочуваат Сирија, со 15 убиства, Палестина со седум, Украина со шест, како и Ирак и Либија, секоја со четири. Најмногу киднапирања на