Актуелности

„Не за неказнивоста!“ – ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања

на 2. 11. 2016 | | sq

На 2 ноември се одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста* за злосторства против новинари, воведен со Резолуцијата на ООН од 2013 година. Во моментов, 9 од 10 случаи на убиства на новинари во светот се со статус нерешени и поминуваат неказнето. Ова води кон култура на неказнивост во која критичките гласови се замолчени, а на граѓаните им се ускратени точни информации за општествата во кои живеат.

Владо Ѓорчев, новинар на „Мета“ и редовен соработник на СПФМ, доби награда за истражувачка сторија за корупција

на 23. 09. 2016 | | sq
  Скопје, 23 септември, 2016 – 13:34 (META)    Новинарот на новинската агенција „Мета“ и редовен сораборник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“, Владо Ѓорчев, за текстот „Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо“, ја доби втората награда од конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција. – Истражувањето беше

Ратајкоски: МТВ ќе го казни вработениот што згрешил објавувајќи владини реклами

на 12. 09. 2016 | | sq

Скопје, 12 септември, 2016 – 15:20 (META) МТВ ја увидела грешката и ќе го санкционира вработениот што ја направил грешката со објавувањето на владини реклами, вели Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија. Тој за „Мета“ вели дека по добиените насоки од Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги на 2 септември 2016 година, МТВ ги отстранила сите реклами финансирани од Влада на Република

СЕММ: Повеќе од 120 жалби за неетичност на медиуми

на 1. 07. 2016 | | sq
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во изминатата година и половина има добиено повеќе од 120 жалби на различни основи, беше соопштено на денешната прес-конференција на СЕММ. „Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, кој во моментот е во криза од аспект на

Отворен е натпреварот „Слободата на изразување во мини-видео 2016“

на 30. 05. 2016 | | sq
  Снимете мини-видео со вашиот мобилен телефон и бидете дел од Францускиот филмски фестивал! Бидете креативни, изразете се слободно низ видеоматеријал и освојте престој во Франција! ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ЗА УПИС НА НАТПРЕВАРОТ Втора година по ред, Францускиот институт во Скопје и НВО „Метаморфозис“ го организираат натпреварот „Слободата на изразување во мини-видео“. Конкурсот е наменет за млади од 18 до 28 години. Секој учесник треба да сними видеозапис со мобилен

Конкурс за најдобра колумна на тема „Говорот на омраза не е слобода на изразување“

на 20. 05. 2016 | | sq
Фото: flickr   Цел на конкурсот е да се поттикнат младите колумнисти на креативно изразување на темите „Говор на омраза“ и „Слобода на изразување“, но и да се актуелизира проблемот со говорот на омраза кој се обидува да се маскира или легитимира како слобода на изразување. Конкурсот е наменет за студенти, средношколци, граѓански активисти и за сите млади творци во Република Македонија. Колумните на тема „Говорот на омраза не е

ССНМ најостро го осудува текстот на Мирка Велиновска

на 27. 04. 2016 | | sq
27 април 2016 ССНМ најостро го осудува текстот на Мирка Велиновска во кој се врши медиумски линч врз припадници на левичарското движење Солидарност и врз членови на партијата Левица, наши соборци во Повелбата за солидарност за заштита на работничките права. Како Синдикат на новинари, ССНМ е дополнително провоциран да реагира на содржината, која претставува повеќе безбедносно-разузнавачки текст, напишан во духот на „најдобрата“ традиција на хушкашкото творештво, кое, за жал, и

Новинарот Мамучевски избркан од седница на Советот на Општина Берово

на 5. 04. 2016 | | sq

[Новинарот Мамучевски спречен од градоначалникот да си ги извршува обврските. Фотографија од фејсбук-профилот на Јане Мамучевски]

  На 4 април 2016 година, на сопственикот на порталот „Малешевски весник“, Јован Мамучевски, на дрзок и на недозволен начин му било оневозможено да ја следи вонредната седница на Советот на Општина Берово. Причината за ваквиот чин на загрозување на правото на информирање, според Мамучевски, е фактот што тој  ги критикувал локалните власти дека Берово наместо на туристички град, наликува на дива депонија поради купиштата неисчистен смет. По повод отстранувањето на Мамучевски од вонредната седница на Советот на Општина Берово, тој на својот ФБ-профил напиша: „Денеска се случи невидена дискриминација од страна на градоначалникот на Берово, Драги Наџински, кон новинарот Јане Мамучевски. Срамно. По

Совет за етика: „Вест“ манипулира и ја извртува вистината

на 29. 03. 2016 | | sq
  Насловот кој предизвика силни реакции. Фото скриншот   Скопје, 29 март, 2016 – 12:56 (META)  Советот за етика во медиумите остро реагира на „тенденциозното известување“ на повеќе медиуми околу вчерашното обраќање на обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата организирана од Специјалното јавно обвинителство. Од Советот за етика велат дека особено ги осудуваат наводите на насловната страница во денешното издание на дневниот весник „Вест“  и дека обидите за манипулација и за извртување на вистината се очигледни, а вчерашниот настан и обраќањето на обвинителката се врамуваат на погрешен начин и во погрешен контекст. Главен и одговорен уредник на весникот од неодамна е Горан Петрески, кој во весникот премина од уредничката позиција на информативната редакција на јавниот радиодифузен сервис. „Таквото известување може да

Анализа: Слободата на изразување и здружување во медиумите во 2015 година

на 18. 03. 2016 | | sq
Критичките граѓани, постојана мета на напади во провладините медиуми НВО Инфоцентарот во рамките на проектот „Застапување за слободата на изразување“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, постојано ја следи состојбата со слободата на изразување и со слободата на здружување во Република Македонија. Овој извештај подготвен во соработка со Центарот за развој на медиуми го опфаќа известувањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и со слободата на здружување, во периодот 15 јануари – 25 декември 2015 година. Дека 2015 година беше година на исклучително зголемен и засилен граѓански општествено-политички ангажман, покрај пресекот на најважните случувања, покажува и надзорот на медиумското покривање на настаните поврзани со слободата на изразување и