Актуелности

Најава: Сеќавање за Роберто Беличанец – граѓански активист и борец за слобода (1972-2013)

на 30. 06. 2014 | |
На 2 јули 2014, среда, 19.30 часот, во ГЕМ-клубот во Скопје ќе се одржи јавен настан, Сеќавање на Роберто Беличанец по повод годишнината од неговата смрт, под мотото „Тишината не е решение – борбата продолжува!“. Настанот го организираат Центарот за развој на медиуми, НВО Инфоцентарот, Фондацијата Отворено општество Македонија и Фронтот за слободата на изразување.   Пишува: Жарко Трајаноски, магистер по човекови права   Како и пред една година, кога ненадејно почина, Роберто повторно ме остави без зборови по гледањето на заедничките настапи на трибините на ГЕМ ширум Македонија. Дојдов до заклучок. Нема што да додадам. За Роберто најубаво зборува самиот Роберто. Треба само поредовно да го читаме, и да не го заборавиме неговиот активистички аманет.  
 „Не можам никако

Истражување: Дали државните институции во Македонија го искористуваат потенцијалот на новите технологии за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки?

на 16. 06. 2014 | | sq
Дали државните институции на Република Македонија го искористуваат потенцијалот на новите технологии за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки? Ова е темата на студијата за јавни политики која ќе биде презентирана од страна на Фондацијата Метаморфозис на конференцијата која ќе се одржи на 17 јуни 2014 година (вторник), со почеток во 11:00 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Истражувањето на тема „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“, има за цел да го утврди тековното ниво на употреба на новите технологии од страна на државните институции на централно и локално ниво (gov.mk), односно можностите кои се понудени на граѓаните да се консултираат и

„Метаморфозис“ стана прва членка на ИФЕКС од Македонија

на 13. 06. 2014 | | sq, en
Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје стана членка на една од најголемите мрежи за слобода на изразување, ИФЕКС (www.ifex.org).  Станува збор за акциска мрежа, која сега има 88 членки во 60 земји, при што најголем дел од нив се во земјите во развој. Ве регионов мрежата има по една членка во Србија и Албанија (а од денес и од Македонија) и по две членки во Романија и Турција. Мрежата се обидува да го сврти вниманието кон настани и случки што влијаат врз слободата на изразување и преку своите канали, но и преку градење коалиции, работни групи, заеднички изјави, петиции и други активности со цел да се предизвикаат позитивни промени. Мрежата, исто така, организира конференции, работилници и објавува ресурсни материјали за да ги

Фото натпревар на тема „Демократија, човекови права и владеење“ (DRG)

на 5. 05. 2014 | | sq
„Помогнете ни да ја раскажеме приказната и да го покажеме ликот на сите оние што работат на унапредувањето на Демократијата, човековите права и владеењето (Democracy, Human Rights and Governance -DRG) преку постигнувањата на ова поле и промовирањето, заштитата и продлабочувањето на демократијата ширум светот,“ се вели во поканата УСАИД за учество во овој натпревар. Условите за учество и сите други прашања за учество на натпреварот можат да се добијат на следниве адреси: jbentoncooney@usaid.gov и rchilton@usaid.gov. Рок за доставување на фотографиите е 16 мај.

До кога медиумски силеџии неказнето ќе поттикнуваат насилство врз медиуми и новинари?

на 2. 05. 2014 | | sq
  Фронтот за слобода на изразување уште еднаш најостро го осудува говорот на омраза од Миленко Неделковски на неговиот портал „Дудинка“, кој поттикнува на насилство кон критички медиуми и кон конкретни новинари, колумнисти и политичари. Потсетуваме дека пред неколку седмици Фронтот за слобода на изразување јавно го осуди силеџискиот атак на Миленко Неделковски врз учесници на јавна ТВ-дебата, со зборовите: „Дојде време за метак у чело. Нема друг лек. Мора да се исчистиме од баграта“. Сега истата јавна личност, на својот портал, објавува листа на медиуми, новинари и политичари, повикувајќи на „Сечење на чировите“: „… чирот се отстранува хируршки. Со скалпел, со оштро сечиво.“  Групата на именувани медиуми и новинари се наречени „куп на ПЕДЕРИ ШТО РАБОТАТ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА

Заедничко соопштение на Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД

на 30. 04. 2014 | | sq
На 29 април 2014 г., Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД го објавија следново заедничко оопштение: Заедничко соопштение на Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД

Промовиран прирачник за јавност во кривичната постапка

на 23. 04. 2014 | |
ОБСЕ во соработка со Јавното обвинителство го презентираа прирачникот за новинари што ќе им помогне во појаснувањето на новиот закон за кривична постапка. На презентација присуствуваше и врховниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој, за жал, си замина насред презентацијата и не ги дочека прашањата од новинарите. Резарта Шуц, шеф на отсек за владеење на право на ОБСЕ рече дека не е доволно правдата да се спроведува, туку тоа да се види во јавноста, а тоа треба да се направи преку медиумите. Тие се очите и ушите на јавноста кои постојано внимателно ја следат кривичната постапка Целта на прирачникот е до новинарите да ги доближи клучните карактеристики и промени кои произлегоа од новиот закон за кривична постапка и да им укаже

Претставувања на Ромите во медиумите од Македонија

на 8. 04. 2014 | |
По повод 8 април – денот на Ромите, потсетуваме на дел од рецензиите и анализите во кои се обработува односот на некои од медиумите кон оваа етничка заедница. Анализи и новинарски лекции
  • Визи, азил, човекови права: За казнувањето и дискриминацијата (3)
  • Структурна дискриминација – кога државата е на погрешната страна: 1 дел и 2 дел
  • Од сегментирани информации до дезинформации
  • Русокосата Марија и притаениот расизам во нас
  • Да се објави или не?
  • Премолчувањето може да биде дискриминација
Рецензии
  • Рецензија: (ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Под притисок од ВМРО-ДПМНЕ Роми се степаа кај Зелено Пазарче!
  • Рецензија: Ромите од Центар против тврдењата на експертите за зградата во албански стил
  • Рецензија: Ромските азиланти заслужни за враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани?
  • Рецензија: Кипарската полиција трага

Промовирана нова платформа за пријавување говор на омраза

на 2. 04. 2014 | | sq
На 2 април 2014 година во Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ја промовираше интернет платформата за мапирање на говор на омраза www.govornaomraza.mk. На промоцијата претставничките на Хелсиншкиот комитет истакнаа дека платформата има за цел да собере информации за говорот на омраза во јавниот простор и во медиумите, но и да ги поттикне граѓаните, медиумите и новинарите да пријавуваат говор на омраза за да може да се создаде слика за состојбите во Република Македонија. Со цел да се соберат информации од повеќе градови и локални средини покрај градот Скопје, формирани се тимови за следење на говор на омраза на локално ниво составени од 22 волонтери распоредени по 8 неадминистративни региони, односно 14 градови низ целата земја, за

Ирена Мулачка од „Фокус“ со најдобра истражувачка сторија во 2013 година

на 25. 03. 2014 | | sq
Сторијата за комплицираните операции на катаракта во Градската болница, со кои им е оштетен видот на педесетина пациенти е првонаградена на конкурсот “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година. Серијата текстови на новинарката Ирена Мулачка се објавени во неделникот „Фокус“. Менче Атанасова Точи, новинарка во порталот „Нова ТВ“ е добитничка на втората наградата за серијата прилози посветени на алармантната состојба со загадувањето во Кавадарци. Третата награда ја освои Томислав Кежаровски за текстовите поврзани со истрагата за сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов, објавени во дневниот весник „Нова Македонија“. Годинава стручното жири додели и две пофалници за исклучителен новинарски ангажман. Новинарката Сашка Цветковска доби признание за примената на нови техники при истражување податоци на Интернет, во врска