Активности

Јавен повик за набавка на услуга: Веб-апликација за архивирање медиумски содржини

на 16. 07. 2015 | | sq
Фондацијата „Метаморфозис“ објавува јавен повик за набавка на услуга веб-апликација за архивирање медиумски содржини. Повикот е во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од „Метаморфозис“. Проектот има цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални стандарди, преку обезбедување интернет-алатки и ресурси за јавна едукација и за подигнување на јавната свест. Целта на набавката е изработка на веб-апликацијата за архивирање содржини од медиумите што ќе овозможи зачувување на содржините од веб-страниците кои се селектирани од корисници и автоматски избрани веб-страници, како и нивна автоматска обработка. Официјалната комуникација во

Покана за промотивен настан: „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“

на 1. 06. 2015 | | sq
 

4 јуни 2015, четврток, 11 – 12.30 часот, Клуб на новинари, Скопје

  Како отворените податоци може да им помогнат на граѓанските организации, медиумите, активистите и на државните институции во унапредување на јавниот интерес? Фондацијата „Метаморфозис“ Ве поканува на промоцијата на веб-страницата на „Школа за податоци – Македонија“, како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, која ќе се одржи во четврток, 4 јуни 2015 година,

Уреднички колегиум/средба со медиуми

на 28. 05. 2015 | |
  Почитувани колеги, почитувани медиуми, Ве повикувам на нашиот редовен квартален колегум на соработниците на „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ и на претставници на медиумите со кои сервисот има редовна соработка, а кој ќе се одржи на: – 2 јуни 2015 година (вторник)
– со почеток во 15 часот
– во просториите на „Метаморфозис“ (сала на 3 кат) Како и секогаш, ќе направиме осврт на досегашната работа и ќе разговараме како да продолжиме понатаму со оглед на турбулентниот период во кој се наоѓаме и кој ќе следи и понатаму. Начинот и модалитетите на нашата работа во идниот период, во смисла како најдобро можеме да ги подигнеме стандардите во професијата во актуелните нестабилни политички услови, ќе бидат главна тема

„Сервис за проверка на факти“ организира јавна средба со медиумите

на 11. 11. 2014 | |
                    Во име на „Сервис за проверка на факти во медиумите“, кој е компонента на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“, имам чест да Ве поканам на

Јавна средба со претставници од медиумите,
в среда, 12 ноември
 од 12 часот
во ГЕМ-клубот во Скопје

Тема на средбата е отворена дискусија

Сервисот за проверка на факти во медиумите на POINT30 конференцијата во Сараево

на 29. 05. 2014 | | sq
Од 22-24 мај во Сараево се одржа третата ПОИНТ меѓународна конференција во организација на невладината организација Zastone, на која учествуваа локални, регионални и меѓународни организации, кои делуваат на Балканот, во Источна Европа и пошироко. Темата на конференцијата беше „Политичката одговорност и новите технологии“ и таа содржеше бројни презентации и работилници, густо набиени во тродневната програма, при што предавачи, покрај од регионот, имаше и од САД, Украина, Русија, Египет и многу

Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти

на 5. 05. 2014 | | sq
Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на поискусни новинари-рецензенти. Новинарите-рецензенти ќе бидат дел од тим на новинари кои ќе идентификуваат важни дневни вести, ќе спроведуваат рецензии на таквите содржини и повремено ќе пишуваат подолги написи за јавна едукација во врска со имплементацијата на новинарските стандарди. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата или сродна област;
  • како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг

Слободни медиуми и слобода на изразување во Македонија

на 10. 03. 2014 | | sq, en

Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен, партнер во Програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија, заедно со Амбасадата на Франција во Скопје, посвети два работни дена во февруари годинава за анализирање на слободата на медиумите и изразувањето во Македонија.

Првиот ден, 26 февруари, 2014 година, беше резервиран за тркалезни маси и дебата (организирана во соработка со фондацијата Метаморфозис) со француски и македонски експерти од областа на правото и новинарството. Заедно со јавноста, што главно се состоеше од новинари и експерти што работат во ова поле, експертите ја споредија слободата на изразување и медиумите во Македонија и во Франција, од гледна точка на правната пракса. Француски експерти од организацијата Reporters without Borders (Репортери без

Одржана обука за препознавање стереотипи и справување со дискриминација

на 1. 11. 2013 | | en
На 30 откомври 2013 година во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за препознавање и справување со стереотипите и дискриминацијата. Таа беше наменета за новинарите кои учествуваат во проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е имплементирана од страна на Метаморфозис. На четиричасовната обука учество зедоа 15 новинари, кои се запознаа со тоа како се создаваат и што значат стереотипите, но уште поважно без запознати со основите на дискриминацијата, нејзините видови, опасностите што произлегуваат од неа, како и начините за нејзина превенција во медиумите. Исто така се говореше и за позитивната дискриминација, односно за афирмативните акции што државите ги преземаат, давајќи им извесни предности на одредени групи,

Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти

на 23. 08. 2013 | | sq, en
Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на новинари-рецензенти. Новинарите-рецензенти ќе бидат дел од тим на новинари кои ќе идентификуваат важни дневни вести, ќе спроведуваат рецензии на таквите содржини и повремено ќе пишуваат подолги написи за јавна едукација во врска со имплементацијата на новинарските стандарди. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата или сродна област;
  • како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг еквивалентен

Одржана обука за говор на омраза за новинари

на 4. 07. 2013 | | sq, en
На 19.06.2013 година во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за говор на омраза за новинари. Обуката беше наменета за новинарите кои учествуваат во проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е имплементирана од страна на Метаморфозис. На четиричасовната обука учество земаа 10 новинари, кои се запознаа со практиката на Европскиот суд за човекови права во конкретни случаи поврзани со говор на омраза, случаи од Македонија и светски познати случаи, а анализирани беа и голем број на законски и подзаконски акти поврзани со оваа тематика. Oбучувач на работилницата беше Жарко Трајановски,  м-р по човекови права.  Користени материјали на обуката:
  • Информативен документ – Говор на омраза
  • Извадоци од