verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Царувањето на невистини во медиумите може да поттикне граѓанска војна

on 24 - 10 - 2015       

Leopold-Vanhut-crop-resize

 

[Рецензија Белгиецот Ванхут денес ги укина државата и уставните институции.Тој е цар Леополд]

 

Посредникот кој во име на ЕУ се обидува да помогне во решавање на политичката криза во Македонија, Питер ван Хојте, дефинитивно не е цар Леополд, но царувањето на лагите во дел од медиумите во Македонија, исто така, дефинитивно може да поттикне граѓанска војна и безредија.

Овој заклучок се наметнува кај вашиот рецензент по читањето на овој текст, во кој со груби невистини и со извртување на фактите во врска со активностите на посредникот, во еден момент се повикува на „одбрана на државата и државноста на улица со сите средства“. Што сакале авторот и медиумот да кажат со тоа, не е појаснето, зашто нема ни потреба – доволно јасно се поттикнува на судир со сите што мислат поинаку.

Leopold VanhutЛинк до оригиналниот напис: Белгиецот Ванхут денес ги укина државата и уставните институции. Тој е цар Леополод

Датум и време на објавување: 21.10.2015

Датум на рецензирање: 22.10.2015

Рецензент: Теофил Блажевски

Текстот се однесува на подолг брифинг на меѓународен посредник во македонската политичка криза во клучен момент од преговорите. Самото „тело“ на текстот, горе-долу, не е спорно и кога ќе се спореди со извештаите на други медиуми, особено на оние кои држат до професионалното известување, не е спорен од апсект на вистинитост. Ќе ги прескокнеме малите коментаторски елементи, помешани со фактите од типот „исто како и СДСМ“, при крајот на веста.

Но, во насловот и во поднасловот, што многу наликува на уредничка интервенција, е сторено главното злосторство против професионалните и етичките стандарди во новинарството, но и уште повеќе – има елементи на кривични дела кои се санкционирани во Кривичниот законик на РМ.

Насловот дека посредникот „ги укинал државните и уставните институции“, е целосно неточен и не одговара со фактите, изнесени дури и во истиот текст, во извештајот од настанот. Освен тоа, со додавањето во насловот дека „Ванхут е цар Леополд“, може да се препознае нишка на навреда, без оглед што авторот на насловот не навел за кој Леополд мисли, Првиот, Вториот или Третиот.

Извртувањето на фактите продолжува во поднасловот, кој, всушност, е коментар:

„Неговата цел…е: да се укине надлежноста на Уставниот суд и јавното обвинителство, да се укине право на одлука и мислење на Собранието, да се укине правото на приватност и забраната за прислушкување и објавување, тој решава дека нема да има избори во април ако не му се исполнат условите“

Но, потоа, доаѓа клучната реченица поради која и овој текст заслужува рецензија:

„Не е познато што мисли ВМРО – ДПМНЕ за ова, но државата и државноста се бранат и на улица со сите расположливи средства со или без ВМРО ДПМНЕ, граѓаните и јавноста мора да се подготват за ова.“

Овој став изнесен во коментар на вест од брифинг, може да се разбере како поттикнување и како закана за граѓанска војна во која би биле употребени „сите средства“, за „одбрана на државата и државноста“. Против кого? Се разбира, против сите што не мислат дека државата и државноста се бранат на улица, туку преку владеење на правото и на законите и преку добро и отчетно управување со институциите во една функционална демократија, каде се почитуваат основните права на човекот и на граѓанинот.

Во веста што ја рецензираме се препознава грубо кршење на етичките правила запишани во секој светски кодекс на новинарите, па и во Кодексот на новинарите на Македонија и тоа во најмалку два члена: член 1 и член 10. Првиот зборува дека основната улога на новинарот е да објавува „точни и проверени информации“, додека членот 10 се однесува на говорот на омраза, т.е. дека преку извртување на фактите, „што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“

Патем, ова поттикнување насилство и говор на омраза, се кривични дела санкционирани и со Кривичниот законик на РМ, во членовите 319 и 394-г.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови