verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Брутална манипулација со една анкета

on 17 - 07 - 2015       

07152015-Vecer-IRI-0987-0980-vrop-resize

 

[Рецензија: Македонците имаат позитивно мислење за работата на премиерот]

 

Најбруталната манипулција во медиумското изветување за резултатите од една анкета е селективниот пристап и објавување на само еден дел од резултатите, со што се создава нереална, конструирана слика, која наводно произлегува од анкетата. Медиумот, пак, што го прави тоа се става во улога на поданик, на субмисивна флотантна маса, која налогодавецот за такво известување го употребува како свој мегафон.

Се чини дека имаме една таква ситуација и со оваа медиумска содржина која известува за резултатите од испитувањето на јавното мислење на граѓаните на Република Македонија за многу суштествени прашања, како и за оние што произлегуваат од актуелната политичка криза. Анкетата е изработена од агенцијата „Брима“, по нарачка на американскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ).

Во својата лекција насловена „Новинарите многу ги сакаат анкетите“, д-р Мирјана Најчевска, откако наведува кои прашања треба да си ги постават новинарите кога известуваат за некоја анкета, истакнува дека:

„Доколку медиумите не сакаат да бидат само пропагатори на одредени политички партии, тие мораат не само да ги постават сиве овие прашања, туку и резултатите од спроведените анкети да ги презентираат во контекст на: изготвувачот на анкетата (поврзаноста со конкретна политичка опција и реалните капацитети за спроведување анкета), употребените процедури, претходниот историјат и резултатите од слични анкети спроведени во истиот период. Само така презентираната информација за определена анкета може да претендира на објективност, а конечниот суд за понудените вредности да се препушти на самата јавност.“

07152015-Vecer-IRIЛинк до оригиналниот напис: Македонците имаат позитивно мислење за работата на премиерот

Датум и време на објавување: 14.07.2015, 14:27

Датум на рецензирање: 15.07.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Наместо почитување на оваа, како и на многу други кога станува збор за известување за анкети, авторот на медиумскиот извештај што го рецензираме, издвоил само три прашања од анкетата кои одат во прилог на владеjачката партија и на нејзиниот лидер. Запоставени се другите, неколку десетици прашања и одговори на вкупно 63 страници, кои како резултати се сосема спротивна слика на таа што ја создава оваа медиумска содржина. Да издвоиме само некои од нив.

Како прво, општиот заклучок од анкетата е дека се намалува разликата меѓу власта и опозицијата, односно дека опозициското расположение се зголемува, но, дека власта и понатаму води.

Во анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), премиерот Никола Груевски има најмала доверба од 2007 година, па досега. Тоа го нема во текстот што го рецензираме. Како ни следното прашање за тоа дали премиерот Никола Груевски добро си ја завршил работата и дали заслужува реизбор. Дури 55 отсто од анкетираните сметале дека не заслужува уште еден мандат. А додека само 32 отсто од испитаниците сметале дека заслужува уште еден нов мандат, процент што е најмал откако Гриевски е на власт.

Текстот нема уште едно суштинско прашање за Република Македонија: Дури 61 процент од испитаниците сметаат дека политичката состојба во земјава е интезивна и несигурна, а истовремено се зголемува бројот на оние кои политичката состојба ја оценуваат како критична и нестабилна (23 проценти).

Понатаму, 52 отсто од испитаниците сметаат дека нивните телефони се прислушувани, а 34 проценти од испитаниците сметале дека инцидетнитте во Куманово што се случија пред извесно време, биле по нарачка на Владата.

И така натаму, и така наваму. Tекстот што го рецензираме запрел на само три прашања.

Исто така, во текстот нема објаснување дека делови од анкетата на ИРИ беа објавени пред десетина дена oд државната агенција МИА и дека тие делови се однесуваа само на рејтингот на политичките партии во земјава. Тој дел од анкетата покажа дека во ВМРО-ДПМНЕ доверба имаат 23 отсто, а додека во СДСМ – 11 отсто од граѓаните.

Но, она што е важно во врска со ова е објаснувањето на ИРИ дека тој дел бил наменет само за политичките чинители со кои ИРИ соработувала, односно не било наменето да се објави во пошироката јавност.

Медиумот не го констатира ова објаснување и, како ништо да не било, не објаснува како ги добиле рејтинзите за политичките партии, објавени пред десетина дена.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови