verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Броење кликнувања и новинарство – има разлика!

on 7 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___kurir.mk_magazin_zanimlivos 11

[Спектакуларно: Црвено небо над Македонија – на што предупредува оваа појава?]

 

Оваа објава напишана во сензационалистички манир има прилично дискутабилна веродостојност. Провокативниот наслов навестува некакво спектакуларно предупредување, а внатре во текстот ни открива дека до крајот на февруари ќе има ниска температра и силна зима! Но, во содржината на веста не може да се прочита ниту еден елемент на кој би се потпрела  „стручната прогноза“: „црвено небо – студена зима“!

http___kurir.mk_magazin_zanimlivosЛинк до оригиналниот напис: Спектакуларно: Црвено небо над Македонија – на што предупредува оваа појава?

Датум и време на објавување: 3.02.2016, 09:14

Датум на рецензирање: 05.02.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

„СТРУЧНА ПРОГНОЗА“: ЦРВЕНО НЕБО – СТУДЕНА ЗИМА!

Да одиме по ред.

Носечкиот елемент на материјалот што го рецензираме е една фотографија на која се гледа црвено небо. Но, во веста не е наведено кога е снимена фотографијата, каде и кој ја направил.

И, додека од насловот се добива впечаток дека е направена кај нас,

„Спектакуларно: Црвено небо над Македонија – на што предупредува оваа појава?“,

во поднасловот се вели:

„Пред заоѓањето на Сонцето жителите на цел Балкан имаа прилика да уживаат во спектакуларната глетка на небото.“

Тоа изгледа некако збунувачки.

Дополнително, текстот не посочува прецизен извор на информации ниту, пак, некаква аргументација за да нè убеди дека допрва ни претстојат студови. Користи форма  „метеоролозите велат“, „странските метеоролози најавуваат“. Меѓутоа, не лоцира од каде доаѓаат ваквите најави, со кои аргументи се поткрепени, какви се стручните мислења за оваа „спектакуларна глетка“ и според кои согледувања,

„…оваа прекрасна појава има поинакво значење.“

Доколку, пак, се користени материјали од странски медиуми, тоа требало да се наведе и да се стави линк.

Што се однесува до содржајноста на оваа (дез)информација, таа е беспредметно да се оценува.  Од авион се гледа дека идејата на написот воопшто не била да им понуди на читателите квалитетна содржина, туку да привлече што повеќе внимание. А броењето кликнувања и професионално новинарство, не се исто!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови