Без дополнителни факти, анонимните извори се неверодостојни
Објавено во Рецензии
on 21 - 10 - 2016 Автор: Xhenis Sulimani
Напис: Кенан Хасип го разрешува Фуркан Чако затоа што бил проалбански ориентиран?
Како што дознава „Флака“ од извори блиски на Демократската партија на Турците, разрешувањето на министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Фуркан Чако, се случило поради тоа што тој побарал коалиција со некоја партија на Aлбанците, било тоа да е предизборна или, пак, коалиција по изборите.
Истиот извор за „Флака“ изјави дека веќе извесно време на Чако му се врши притисок по ова негово барање и дека партијата сака да го разреши и од позицијата на претседател на разгранокот на ДПТ во Гостивар.
За чудо, одлуката за неговото разрешување е донесена во време кога тој бил во Турција, односно без негово знаење.
Неофицијално, „Флака“ дознава дека министерот Фуркан Чако од партиските органи побарал партијата да биде во коалиција со албанската партија на власт, ДУИ на Али Ахмети.
Во Собранието денеска стигна предлог за разрешување на министерот без ресор Фуркан Чако. Предлогот е на Демократската партија на Турците на чело со Кенан Хасип, а на негово место премиерот Емил Димитриев го предлага Бејџан Илас.
Партијата на Кенан Хасип, кој со години е на чело на оваа партија и цело време бил и пратеник во Собранието на Република Македонија, била во коалиција само со партиите на Македонците. Во последните години, Хасип беше цело време во коалиција со Никола Груевски.
Пред извесно време и самиот лидер на Демократската партија на Турците даде оставка од својата позиција како претседател на партијата.
Според неофицијални информации, односите меѓу Хасип и Чако во последно време се влошиле и причина за ова била дискусијата на партиските состаноци за коалиција со ДУИ за предвремените парламентарни избори на 11 декември, поведена од Фуркан Чако.
Инаку, Чако и Хасип потекнуваат од Гостивар, односно од село Врапчиште. ФЛАКА.инфо
[Рецензија: Кенан Хасип го разрешува Фуркан Чако затоа што бил проалбански ориентиран?]
Во новинарството се дозволени и анонимни извори, но под услов тие да дадат информации кои се од интерес за јавноста и до кои не може да се стигне на друг начин. Тие не треба да се употребат за пропагандистички цели или пак за дезориентирање на јавноста. Кога употребува анонимен извор, новинарот треба да се потруди информацијата да ја потврди со други извори и да ја поткрепи со факти што му се на располагање, но и да се потруди производот што му го нуди на читателот да биде што посеопфатен.
Линк до оригиналниот напис: „Кенан Хасип го разрешува Фуркан Чако затоа што бил проалбански ориентиран?“
Датум и време на објавување: 12.10.2016
Датум на објавување: 17.10.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Текстот што го рецензираме, по начинот на кој е обработен, не остава впечаток дека изворот се крие во интерес на јавноста или за да се заштити од некоја опасност или, пак, несекојдневна закана, туку едноставно за да ја збуни уште повеќе јавноста и за да обвинува без да го опфати и ставот на „другата страна“ во текстот.
„Како што дознава „Флака“ од извори блиски на Демократската партија на Турците, разрешувањето на министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Фуркан Чако, се случило поради тоа што тој побарал коалиција со некоја партија на Албанците, било тоа да е предизборна или, пак, коалиција по изборите“.
Во текстот не можеме да прочитаме дали новинарот се обидел да земе изјава од Фуркан Чако или, пак, од другата адресирана страна, Кенан Хасип, за да ги потврди информациите добиени од „анонимниот извор“. Едностраниот текст, со еден анонимен извор, на крај излегува пропагандистички и непроферсионален и не е во интерес на јавноста.
„Според неофицијални информации, односите меѓу Хасип и Чако во последно време се влошиле и причина за тоа била дискусијата на партиските состаноци за коалиција со ДУИ за предвремените парламентарни избори на 11 декември поведена од Фуркан Чако. Инаку, Чако и Хасип потекнуваат од Гостивар, односно од село Врапчиште“.
Новинарскиот продукт што не ја потврдува информацијата добиена од „анонимен извор“, како резултат има еден едностран, тенденциозен и нецелосен текст. Затоа, на новинарите им се препорачува:
„Важно е новинарот, но и медиумот, за да го заштитат својот кредибилитет, да сторат сè да ја проверат информацијата и од други независни извори и да го користат анонимниот извор само тогаш кога нема друг начин да се дојде до информација која е од јавен интерес.“. (Прирачник за етика во новинарството)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
поврзан со тагови