verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без докази во текстот, „револтот“ е поттик и манипулација

on 29 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #084 - '120 ish paramiltar maqedonas “Luanët” punësohen, revoltohen shqiptarët!' - www_zhurnal_mk_content__id=16314161029

Напис: 120 поранешни парамилитарци Македонци „лавови“ се вработуваат, Албанците револтирани!

Скопје, 14 март – Поранешните парамилитарци Македонци кои беа познати како „лавови“  на поранешниот министер на полицијата, Љубе Бошковски, конечно се примени во Армијата на Македонија. Овие луѓе се бореле во 2001 година против поранешните припадници на ОНА и ги гранатирале местата населени со Албанци во Македонија.

Решавањето на проблемот на поранешните парамилитарци Македонци го потврдил и поранешниот македонски генерал, Стојанче Ангелов. Тој овие информации ги објавил и на својот фејсбук-профил.

Инаку, 112 поранешни професионални војници на Армијата на Република Македонија (АРМ) добиле договор за работа со што е решен засекогаш нивниот статус.

Договорите се потпишани во присуство на техничкиот премиер, Емил Димитриев, и министерот на одбрана, Зоран Јолевски, а поранешните професионални војници ќе се вработат во државни институции.

Премиерот Димитриев рече дека поранешните професионални војници секогаш ќе имаат партнер во Владата и ќе бидат третирани со посветеност, применувајќи ја политиката на отворени врати и на блискост со граѓаните, додека, пак, министерот Јолевски рече дека нивното искуство стекнато за време на нивната служба во АРМ ќе биде доста употребливо во нивната работа во другите државни институции, но и во приватниот сектор во иднина.

[Рецензија:„120 поранешни парамилитарци Македонци „лавови“ се вработуваат, Албанците револтирани!“]

Од психолошка гледна точка, емоцијата се смета за сетилен дел на потсвеста на човекот. Потсвеста се смета дека е надвор од контролата на свеста, таа е инстикт и страст, елементи што често нè носат кон нерационални акти. Секој од нас во одредени моменти е воден од инстинктот, но во моменти кога пишуваме, инстинктот треба да се остави настрана или да се стави во функција на вистината и на фактите.

Recension: “120 ish paramiltar maqedonas “Luanët” punësohen, revoltohen shqiptarët!”]Линк до оригиналниот напис: „120 поранешни парамилитарци Македонци „Лавови“ се вработуваат, Албанците револтирани!“

Датум и време на објавување: 14.03.2016,  16:10

Датум на рецензирање: 21.03.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Има такви ставови дека новинарството е силен инструмент за стимулирање на разни процеси во општеството, почнувајќи од политиката, до сите други по ред. Во овој аспект, постои убедување дека преку оваа професија можете да придонесете во борбата против едно колективно зло, кое може да има големи последици во општеството.

Меѓутоа, за среќа или за жал, како и во секоја друга професија, и во новинарството има неколку правила. И тогаш кога новинарите се водени од позитивни намери за да придонесат за национални прашања, не значи дека правилата во новинарство претрпеле промени во корист на нашата цел.

Проблемот што се сервира за дискуција се однесува на тоа дека во одредени случаи, новинарите сакајќи да го кренат својот глас против некоја неправда, што според нив е енормна, може да прекршат некои од етичките принципи. Ако насловот на оваа вест ни  пренесува дека Албанците се револтирани затоа што се вработени 120 војници Македонци, таканаречени „лавови“, тогаш овој „револт на Албанците“ мора да биде поткрепен со факти, докази и со проценки од граѓаните и од експертите во текстот. Во спротивно, насловот ќе биде само едно „страно тело“ во целата оваа приказна.

Во овој пример, се случува токму тоа – насловот на некој начин не успеал да ја одрази суштината на веста. Од насловот воопшто не може да се покаже што содржи веста во себе. Се гледа дека станува збор за тенденциозен наслов, бидејќи во ниеден дел од веста не се покажува доказ дека конкретните вработени се навистина поранешни припадници на „лавовите“ ниту, пак, дека Албанците се револтирани за овие претпоставени вработувања на поранешните „лавови“. Несомнено, Албанците може да бидат револтирани со еден ваков факт, но ова треба да се документира. Освен граѓаните и експертите, недостига и споменатата страна.

Во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија се вели:

Новинарот треба да ја обезбеди „втората“ страна, односно да им даде можност на двете засегнати страни на новинарскиот производ да изразат свој став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога во содржина се изразуваат сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика.

Во ваков случај, текстот ќе беше коректен ако другата страна, во овој случај поранешните војници на ОНА, ќе изјавеа дека се чувствуваат дискриминирани во однос на поранешните „лавови“ и тогаш и насловот на оваа вест немаше да има потреба за каква било измена.

Освен овој дел, текстот е малку манипулативен бидејќи се вели дека прашањето на „лавовите“ е решено. И, како референтна точка се вели дека е земен еден статус на „Фејсбук“ на Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“. На профилот на Ангелов може да се забележат неколку реакции за неисполнување на ветувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за вработување на поранешните војници Македонци што се бореа во 2001 година.  Во меѓувреме, потврда од страна на Ангелов, нешто врз кое порталот „Журнал“ ја засновал веста, не постои. Наједноставното и најприфатливото нешто што можеше да се направи би било сликање (скриншот) на тој статус во кој Ангелов зборува за ова прашање.

Многу е важно да се разјасни дека овие скромни забелешки не се прават за да се заштити едната или друга страна. Едноставно, од перспектива на професијата, се бара да се изврши верификација на фактите и во случај на чувствителни предмети, да се направат напори тие да се третираат внимателно и претпазливо од новинарите, бидејќи, условно кажано, ненамерно може да се случи да ја оштетиме токму страната што се обидуваме да ја заштитиме.

Овој начин на „заштита“ или „напад“ на некого не се признава како легитимен механизам во пишувањето и во известувањето на вестите. Во анализи и во мислења е поинаку.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови