Без докази искажани тешки обвинувања
Објавено во Рецензии
on 20 - 02 - 2017 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!]
Текст без каква било аргументација, напис без информативна тежина, материјал на кој му недостигаат безмалку сите елементи на еден веродостоен медиумски производ, почнувајќи од факти, па до извори…
Линк до оригиналниот напис: ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!
Датум и време на објавување: 15.02.2017 09:30
Датум на рецензирање: 18.02.2017
Рецензент: Владимир Мирчески
А КАДЕ СЕ ФАКТИТЕ?!
Објавата што е предмет на оваа рецензија нема некоја допирна точка со професионалното новинарство. Таа повеќе наликува на содржина креирана во одреден политичко-партиски центар. Во прилог на ваквата констатација има повеќе елементи. Така, на пример, формулацијата дека СДСМ ја прифатил т.н. платформа на албанските партии е сериозно тврдење кое мора да биде одлично аргументирано. Но, такво нешто во написот едноставно нема. Просто кажано, има обвинувања, ама нема какви било докази. Само е кажано дека сè што албанскиот блок побарал, Заев прифатил. Друго ништо! Нема некои факти, нема извори на информации, нема соговорници, нема баш ништо.
Не е испочитувано ниту основното новинарско правило за дополнителна проверка на информациите ниту, пак, за барање мислење од втората страна. Барем еден телефонски број да се свртело и да се прашало: „СДСМ, што сте прифатиле, а што не од наведените барања“.
Оттука, јасно е како бел ден дека написот е шпекулација.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.
А насловната конструкција: „ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!“ е приказна за себе. Има сè што не треба: тенденциозност, спин, ја наведува јавноста на погрешно толкување…
Ова е опасна манипулација која во комбинација со фотографија надвор од контекст, е рецепт за опасно сценарио кое може да се создаде кај публиката на која ѝ се обраќа написот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови