Бесмислена новинарска сторија
Објавено во Рецензии
on 25 - 04 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Зошто сите предмети на СЈО започнуваат на буквата Т?]
Наместо да прочитаме разложен текст за тоа зошто сите досегашни предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) почнуваат на буквата „Т“, доживуваме разочарување зашто целата новинарска сторија на оваа тема се потпира на шпекулација и на дополнителна мистификација.
Штета! Зашто прашањето е навистина занимливо и скокотливо, и, секако, тоа го прави од интерес за јавноста. Легитимно прашање за новинарска љубопитност бидејки, колку што е рецензентот информиран, досега не сме сретнале новинарски текст што се занимава со него.
За жал, ќе си дозволиме да оцениме дека пристапот што го има овој текст, го прави бесмислен од повеќе аспекти кога станува збор за стандардните новинарски постапки кога треба да се добијат одговори за прашања од интерес на јавноста.
Првата постапка е сосема едноставна и сосема логична – да се праша во СЈО.
Линк до оригиналниот напис: Зошто сите предмети на СЈО започнуваат на буквата Т?
Датум и време на објавување: 22.04.2016 – 17:30
Датум на рецензирање: 25.04.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
„Т“ КАКО ТРИ ОБВИНИТЕЛКИ!
Тоа е логичниот прв чекор за кој не би требало да има некои пречки, со оглед на тоа дека не веруваме дека таа тема, зошто предметите на СЈО се именуваат со буквата „Т“, секако не е предмет на истрага.
Наместо тоа, авторот на овој текст се свртел кон езотеријата, односно, тргнал да го истражува симболот „Т“ во речникот на езотериските термини и оттаму е изведено ова толкување: „ зборот Тријада е на Т и ги означува трите обвинителки“!
„Тријатада, меѓу другото, означува постојана тројка на еволуциски атоми и молекули кои ја подржуваат монадата (едновалентна супстанца)…“
Сметаме дека овој клучен цитат од текстот не заслужува одговор, зашто нема методологија која може да препознае во кои рамки и според кој кодекс на професионалното новинарство ќе вреднува еден ваков заклучок.
Сепак, не смееме да пропуштиме да се повикаме на членот 14 од Кодексот на новинарите кој вели:
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Има тука уште и коментари кои се неиздвоени, а се вградени во текстот, има спинување…
И, на крајот, но не како најмалку важно, туку, напротив, како особено важно, рецензијата на овој текст е направена по сугестија на читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови