Белград не им верува на солзите на „контрашите“!
Објавено во Рецензии
on 26 - 04 - 2016 Автор: Љубомир Костовски[Рецензија: Српска агенција по налог на СДСМ ги штелува вестите од Македонија]
Дали негативниот ореол што го добива власта во западните медиуми претпоставува дека тие што ги организираат контрапротестите треба да се надеваат барем на внимание од соседните земји? Текстот кој е предмет на опсервација, жали што белградските медиуми не обрнале внимание на големиот контрапротест што во четвртокот (21 април) се одржа на неколку места во Скопје. Се бара „виновникот“ за таквиот однос и тој не се наоѓа ниту во „контрашките“ аргументи, кои можеби не привлекуваат внимание, ниту во фактот дека опсервираните српски медиуми можеби имале поинтересни теми, туку виновникот е најден во Зоран Заев, кој имал можност да ги „штелува вестите“ во соседството преку соодветна агенција!
Линк до оригиналниот напис: Српска агенција по налог на СДСМ ги штелува вестите од Македонија
Датум и време на објавување: 22.04.2016 10:28
Датум на рецензирање: 25.04.2016
Рецензент: Љубомир Костовски
ПЕДАНТНА СТАТИСТИКА
„Сите српски медиуми вчера пренесуваа информации во корист на СДСМ – со манипулации, лаги и спинови. Во овие медиуми изостанаа вестите за најголемиот граѓански собир кој вчера се одржа во Македонија, а на кој присуствуваа над 60.000 лица. Во своето известување РТС посвети 90 проценти на 30 пати помалкубројните протестанти од Сорос, а за собирот на ГДОМ беше кажана само една реченица во насока на тоа дека се одржал без споменување на главното барање дека народот во Македонија бара одржување на избори. На ист начин информираа и српските Блиц, Нови магазин, српски Курир и уште 20 други медиуми.“
Најпрвин интересна е статистиката која барала прилично време за гледање емисии и за читање белградски медиуми за да се дојде до некои индикативни бројки. И по толку пребарување да се добие резултат кој со право ги разочарува оние кои очевидно не ја кријат својата негативна опсервација на „Шарената револуција“! Зошто таа методологија, ако веќе постојат ресурси за ваква опсежна опсервација, не е присутна во однос на другите медиумски центри, да речеме Берлин, Москва, Париз, Вашингтон…? Ова, за да се добие одговор, да речеме кој влијаел на германските медиуми, на пример, кои ја критикуваат без исклучок македонската власт и индиректно оние кои ја поддржуваат? Има ли и таму некаква агенција која му врши работа на Заев?
Ова, секако, е важно за да се сфати и белградскиот ракурс, ако некому му е особено битен и за да се сведе темата во написот на едноставно прашање: кој е тој македонски државјанин што може да им наложува на толкав број медиуми да пишуваат според „нарачки“ на партија, на целата опозиција или на уште побројниот граѓански сектор и тоа во туѓа земја? Секако, токму педантната статистика (тоа е навистина напорна работа) треба да биде таа која сама за себе е веќе јасен одговор – нема таква „сила“ и толку пари за „пеглање“ на впечатокот за она што се случува на скопските улици, туку се работи за вклопливост на медиумската сцена во една земја во еден општ впечаток за настаните во Скопје, кој е унисион и во регионот и во поголем дел од светот!
Агенцијата која се споменува кај нас го мери јавното мислење и тоа јавно го објавува. На слободните прес-конференции нема голема заинтересираност на медиумите, па и оние кои сега им доделуваат „голијатовски“ моќи. Текстот е неаргументиран и селективен во однос на можните извори за темата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови