verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Балконска кражба како политички чин

on 19 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Неоснованите напади на СДСМ врз КУРИР_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_n 11

[Рецензија: Неоснованите напади на СДСМ врз КУРИР резултираа со упад во просториите од нашата редакција]

 

Ако на информативно гласило му се случи грабеж со кршење врата и се одземат од службените простории средства за работа, тоа, секако, е сериозна работа. Овој текст јавува за таков настан и дава изобилство фотографии кои треба да покажат – скршена брава!

Веројатно би се очекувало да има и неред во просторијата и други траги… Во секој случај, читателот би сакал да види прецизна вест. И тоа најпрвин околу начинот на кој криминалецот (криминалците) влегле во просториите, штетата која е направена, како и другите елементи од овој чин, кои секој што известува од слични настани би ги барал и би се интересирал да ги обзнани.

Но, написот се фаќа за СДСМ и го обвинува дека тој, со минатомесечните „атаци врз медиумот“, предизвикал упад во редакцијата. Дали се случил криминален или политички чин и како е пресечена оваа дилема?
Неоснованите напади на СДСМ врз КУРИР_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_n 1Линк до оригиналниот напис: Неоснованите напади на СДСМ врз КУРИР резултираа со упад во просториите од нашата редакција

Датум и време на објавување: 11.01. 2016, 15:50

Датум на рецензирање: 18.01.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ОПОЗИЦИЈАТА ЈА СКРШИЛА БРАВАТА!

„По низата напади и закани кои изминатиов период беа упатени врз новинари на КУРИР, просториите на нашата редакција во текот на минатата ноќ беа цел на грабеж, односно провала од засега непознати лица кои насилно упаднаа во нашата редакција. Ова не е првпат просториите на КУРИР да бидат мета на напад. Секоjдневните неосновани атаци врз КУРИР како медиум од страна на разни опозициски структури, но и директно од најголемата опозициска партија СДСМ кулминираа со нов удар врз нашиот медиум“.

Неоснованите напади на СДСМ врз КУРИР_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_n 2Интересен е воведот во текстот кој почнува со обвинување кое сугерира заклучок дека „опозицијата“ ги отворила „вратите“ на редакцијата која е ограбена?! Потоа следува информација од која не можете да сфатите која е штетата, како е таа направена, дали лаптопите се лични или редакциски, дали во нив, евентуално, имало информации до кои некој сакал да дојде… Нема ништо освен грст фотографии кои покажуваат едно исто, една оштетена брава на балконска врата, што е речиси – ништо. Таква брава би скршил, веројатно, и најситен џепџија! Никаков дополнителен податок што би ја покрил сторијата, а особено насловот.
За оние што не знаат, СДСМ навистина барем еден месец, а можеби и подолго, бара од порталот, но и од неколку други медиуми,  да се легитимираат – да одговорат „кој е нивниот основач и како заработиле толкави профити кои ги прикажуваат во јавно достапни документи!“ Таа „кампања“ и би немала простор ако медиумот едноставно одговореше на тие прашања, кои, впрочем, ѝ  ги должи на јавноста! Сега, одеднаш од „таинствена фирма“ се претвора во „жртва“ и така веројатно треба да престанат прашањата!

Написот, наместо да даде други, елементарни факти за провалата, влегува во шпекулација која за да биде „издржана“, текстот ја „покрива“со закана испратена по мејл, а која кон една новинарка, наводно, ја направил „член на СДСМ“. Од она што тука е ставено како заканувачки текст, ние не го гледаме мотивот – дали е тој политички, сентиментален или некој трет. Го гледаме само откриениот наводен идентитет на заканувачот, како тоа да е доволно?! Впрочем, што кажува дури и фактот дека тој бил член на некоја партија? Ако навистина бил – бидејќи немаме доказ,  а познато е дека  во големите партии има секакви поединци.

Од друга страна,  ако веќе точно го знаеле идентитетот, секако има начин (законски-правни механизми) да се расчисти со тој „заканувач“.  Дали тоа ќе ги спасело лаптопите? Тоа е прашање за кое ние немаме одговор, а не гледаме и дека оние на кои им се случил грабежот го имаат, иако од кражбата помина повеќе време.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови