„Бајати“ изјави извадени од контекст
Објавено во Рецензии
on 5 - 02 - 2016 Автор: Симона Атанасова
[Визијата на СДСМ за администрацијата: Смени и бркање од работа]
Целта на овој текст е да се оцрни опозицијата и да се влее страв меѓу народот, а особено помеѓу вработените во администрацијата дека ако СДСМ дојде на власт, ќе бидат избркани од работа. Крајната цел на написот е да ги убеди читателите да не гласаат за опозицијата.
Линк до оригиналниот напис: Визијата на СДСМ за администрацијата: Смени и бркање од работа
Датум и време на објавување: 31.01.2016 13:48
Датум на рецензирање: 03.02.2016
Рецензент: Симона Атанасова
МАНИПУЛАТИВЕН НАМЕНСКИ ТЕКСТ
Текстот кој е преземен од друг медиум (тоа е наведено, само не е ставен линкот), е целосно едностран и коментаторски. Со стари нецелосно пренесени изјави, извадени од контекст и со ставови на луѓе кои не се во првата постава на СДСМ, направен е текст со кој најдиректно се обвинува опозицијата дека планира да брка луѓе од работа, доколку ја освои власта.
Изјавата на Заев „ќе јадеме живи луѓе“ која што се користи во написот е кажана пред пет години, односно декември 2010 година, кога Заев не беше лидер на СДСМ, туку потпретседател на партијата.
Во написот не е објавена реакцијата на Заев во која тој вели дека снимката е изрежирана и намонтирана.
„Во целост ги демантирам и отфрлам ваквите секвенци од мојот настап во Валандово заради тоа
што претставуваат флагрантно вадење од контекст. Со бришењето и непуштањето на речениците
пред и по објавените секвенци на зборовите од мојот настап, апсолутно е изрежирано и
измонтирано сценарио кое има цел исклучиво создавање лоша слика за мене и за мојата партија.“
Исто така, испуштена е и изјавата на Заев, дадена на 19. конгрес на СДСМ пред два месеца, во која тој вели дека административните службеници нема да бидат бркани од работа, а каде што има превработеност ќе има реорганизација по претходно направени анализи.
Како поткрепа на тезата што ја турка овој наменски скроен материјал, употребена е и изјава од професорот Љубомор Фрчковски, кој е поранешен министер за внатрешни работи во повеќе влади предводени од СДСМ, како и претседателски кандидат од СДСМ (2009 година). Но, тој во моментот нема никаква функција во партијата и неговата изјава не може да се третира како став на СДСМ.
Иако социјалдемократите за претстојните парламентарни избори имаат програма „Визијата за Македонија“, која се темели на пет столбови, сепак, во текстот намерно се претставува дека „Визијата на СДСМ“, всушнот, е да се отпуштаат вработени во државните институции. Дополнително, оваа објава без аргументи и докази дава оцена за кадрите кои СДСМ, наводно, планирале да ги отпуштат, а и на оние кои сакаат да ги вработат. И со една таква перцепција, едните се прикажуваат како способни, а другите како партиски војници.
Издржан новинарски продукт не смее да манипулира со стари изјави и да ги вади од контекстот во кои се дадени. Ниту, пак, смее да зазема страна и да ја спинува вистината во корист на одредена политичка опција, во конкретниот случај – владејачката.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови