Бајата вест со нов датум
Објавено во Рецензии
on 19 - 04 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: (ВИДЕО) Жена починала по пораѓањето – Лекарите и го приближиле синчето и се случило чудо]
Текстот, според начинот на пишување, повеќе потсетува на вест од категоријата занимливост, отколку на напис во рубриката за вести од светот. Во него не се запазени новинарските стандарди, според кои, настанот, освен што треба да се одреди според местото на одигрување, треба да се одреди и со времето на неговото случување.
Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) Жена починала по пораѓањето – Лекарите и го приближиле синчето и се случило чудо
Датум и време на објавување: 16.04. 2016
Датум на рецензирање: 18.04. 2016
Рецензент: Димитар Тануров
БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ НА СТАРА ИНФОРМАЦИЈА
„Дека љубовта меѓу мајката и нејзиното дете е неверојатно силна докажува и ова видео од Хонг Конг кое досега е прегледано повеќе од 8 милиони пати.“
Написот има сензационалистички наслов, кој едноставно привлекува да кликнеш и да ја прочиташ информацијата, но на ниту едно место не го посочува изворот на информацијата, што е спротивно на новинарските стандарди.
Текстот има послободен стил на пишување, кој е карактеристичен за написи кои се од областа на забавата. За ваквиот тип информации е разбирливо при нивното пишување да не се држат строго до правилата на конструирање вест. Но, овој напис е објавен во категоријата свет, а тоа наметнува малку „постегнато“ пренесување на информациите.
Ама, дури и да се тргне категоријата настрана, сепак во написот е изоставен главниот момент, а тоа е временското детерминирање на настанот, кое е задолжително дури и кај вестите од категоријата забава. Проблемот е што станува збор за стара информација, која датира од февруари 2014 година. За проверка на овој податок, не е потребно премногу пребарување, доволно е да се отвори видеозаписот што е вметнат во текстот и од чие раскажување е направена целата вест.
Веднаш под видеозаписот стои времето на неговото објавување. Тоа е доволен показател дека станува збор за стара вест. Едно од основните правила на новинарството е навременото информирање. Со испуштањето на временската одредница, изворот на информацијата и со вака бомбастичен наслов, се допива впечаток дека единствената цел на текстот е да привлече повеке кликнувања, а притоа да понуди бајати информации.
Стари вести, па дури и во категоријата забава, може да се користат доколку се прави некој вид на хроника на слични регистрирани појави, но не и да се презентираат како актуелни.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови