Бајата информација подметната како „тазе“ вест
Објавено во Рецензии
on 3 - 02 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Видео: Граѓанска војна беснее во Шведска – Запалени девет кампови на мигрантите]
Сензационализам пред сè, тоа е слоганот што го води овој текст. Исклучително „бомбастична“ насловна конструкција, предизвикувачка фотографија и ете повеќе кликнувања. Но, за жал, практиката покажува дека генерирањето многу посети не секогаш оди правопропорционално со квалитетот на одреден материјал. Така е и во овој случај.
Линк до оригиналниот напис: Видео: Граѓанска војна беснее во Шведска – Запалени девет кампови на мигрантите
Датум и време на објавување: 01.02.2016 10:56
Датум на рецензирање: 02.02.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ТРИ МЕСЕЦИ СТАРА ВЕСТ
- НЕВИСТИНА БР.1
ДЕФИНИЦИЈА: Граѓанска војна е „војна меѓу спротивставени групи на граѓани од една иста држава.“
Оттука, нападите на шведски националисти, што подразбира дека се државјани на Шведска, врз кампови во кои се или треба да се прифатат бегалци, инаку државјани на други држави, не е и не може, ама баш во никој случај, да се нарече „граѓанска војна“. Излив на насилство, нетрпеливост кон странци, ксенофобија – да, ама не и граѓанска војна. Но, затоа може да се каже дека е школски пример за сензационализам во информирањето.
Сензационализмот е форма на уредувачка пристрасност во медиумите, при што настаните и темите во информативните приказни се засилени за да прикажат пристрасен впечаток за настан што може да доведе до манипулација на неговата вистина.
Ако не беше доволноа јасно, тогаш да повториме. Во Шведска не се случува граѓанска војна.
- НЕВИСТИНА БР.2
Материјалот е придружен со видеозапис преземен од „Некст нуз нетворк“ (The next news network), во кој репортерот зборува за палење на девет бегалски кампови во Шведска. Убаво, демек, има извори на кои се повикува ова сензационалистичко четиво, ама тие извори објавиле за настан што датира од 3 ноември минатата година и тоа убаво си го пишува на видеозаписот објавен на „Јутјуб“!
Значи, информација стара три месеци на домашната публика ѝ се пласира како нова, актуелна, свежа… Катастрофа!
Уште пострашно. Овој портал не бил единствениот што ја згрешил работата, уште неколку слични го сториле истото.
Бајата информација „подметната“ како тазе вест, невистинитост, сензационализам… Катастрофален производ што само ја контаминира јавноста со неквалитет.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
бајати
точни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
нерелевантни
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
лажни информации
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија од стар настан
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови