Прилог кој ни открива постоeње на еден парелелен образовен свет
Објавено во Рецензии
on 13 - 10 - 2015 Автор: Љубомир Костовски
[Рецензија: Авторот на книгата за „наркоманите“: уште им држам предавања на учениците]
Прилогот кој е предмет на рецензијата ни открива дека крај нас постои еден парелелен образовен свет, за кого поголем дел од нас не се ниту свесни, но кој, за големо чудо, има своја репрезентативна статистика зад себе. Книгата „Дрога – болест на денешнината“ на авторот Бошко Томовски е, наводно, продадена во повеќе од 120.000 примероци и има две реиздавања на македонски, а печатена е и на албански и на српски јазик. Би била, со ваквото пребројување, белким, најзначајниот бестселер во земјава!?
Притоа, пoдржувана е од образовниот систем, кој им ја дели на најдобрите ученици (и тоа и во основно и во средно училиште!), а со помош на полицијата, авторот Томовски, кој според годините, треба да е една деценија во пензија, држи предавања во југозападниот регион и воопшто имаме еден, сепак во основа невидлив свет на некаква психијатриска кутија со „лего-коцки“: може да се користи во разни форми, едноставна е за носење, а има универзална „примена“.
Прилогот ни открива нов свет, го актуелизира и го проблематизира и тоа место оние кои се најповикани – стручната јавност која си молчи.
Линк до оригиналниот напис: Авторот на книгата за „наркоманите“: уште им држам предавања на учениците
Датум и време на објавување: 07.10.2015, 15:05
Датум на рецензирање: 11.10.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
„Наркоманскиот стил на облекување, наркоманскиот специфичен и за многумина нејасен говор, заедно со бучната рок музика снимена на светските или домашните поп сцени, го комплетираат имиџот на наркоманот. Наркоманите се добри познавачи на рок и поп музиката особено ако таа музика ја изведуваат музичари наркомани како што беа Џими Хендрикс, прочуената Џенис Џоплин, гитаристот на Ролингс Стоун – Брајан Џинс.“
Она што модерниот новинар, кој несомнено го имаме и во овој прилог, го издвојува од оние постарите, е дека умее да пребарува актуелни појави преку социјалните мрежи. Оттаму се добиени сознанијата – како реакции на одредени, секако базични тврдења во споменатата книга и нејзиниот автор – кои шокираат со својата едноставност, симплифицирана дијагностика од типот „ако го слушаш Брајан Џонс (а не Џинс, како во книгата!), ти си наркос“ или „ако носиш крст, ти си исто така сомнителен“… Авторката и низ разговор со авторот на книгата ја потврдува генезата на рудиментирана потреба нешто да биде „научно сознание“ или „терапевтска практика“. Во прилогот, практично му дава највеќе простор токму на Бошко Томовски. Но, сосема професионално дава и мислења од други луѓе, кои се чувствуваат засегнати од докторовите дефиниции („го слушам тој пејач, ама не сум наркоман“ и слично), а имаме можност и да видеме дел од реакциите на социјалните мрежи. Иако не го нагласува тоа, видливо е дека авторката нема само реакции од колегите на докторот!?
Но, вака аранжиран, прилогот јасно го издвојува тоа нивно отсуство и нам ни е јасно што тие мислат за својот колега. Белким, некој ќе се охрабреше и досега да го подржи Томовски.
Тоа е и клучната вредност на прилогот – јасно покажува дека за една сериозна тема, гранапчиската филозофија и молчеливата наука на многу места се опасно изедначени.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови