verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Силвана Жежова

А зошто Груевски да не оди пеш?!

на 4. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: МОЖЕ ЛИ ЗАЕВ ИЛИ ЧАДОРОТ ВАКА СЛОБОДНО ДА ПРОШЕТА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот!]

  Tекстот што е предмет на рецензија уште од насловот го величи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи  „слободно прошетал меѓу обичниот народ“ ! А како треба да шета лидер на една партија?! И, зошто прошетката на Груевски, од Музејот на ВМРО до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, треба  да се смета за некаков посебен подвиг на кој треба да се воодушевуваме? Линк до оригиналниот наслов: МОЖЕ ЛИ ЗАЕВ ИЛИ ЧАДОРОТ ВАКА СЛОБОДНО ДА ПРОШЕТА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот! Датум и време на објавување: 29.09.2016 Датум на рецензија: 04.10.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ВОСПЕВАЊЕ

Овој нагласено пристрасен материјал го  величи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи го

Неосновани обвинувања за директорката на УЈП

на 22. 09. 2016 | |

Текстот што е предмет на рецензија изнесува низа обвинувања против директорката на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска, за кои нема никакви докази. Се пишуваат лични навреди, но и низа непотврдени информации за нејзината компетентност како директор на оваа институција. Од насловот на текстот не може да се утврди која е Анастасија Илиеска, зашто не сите граѓани се информирани кој е прв човек на УЈП, а уште помалку зошто таа „ја растура оваа институција“. Напишан во еден „разговорлив“ стил, без докази и аргументи, текстот останува во сферата на шпекулации и „рекла-кажала“ муабети.
Линк до оригиналниот наслов:  Анастасија Илиеска го растура УЈП Датум и време на објавување: 20.09.2016 Датум на рецензија: 22.09.2016 Рецензент: Силвана Жежова На почетокот на текстот воопшто не

Наместо информација – пропагандна порака : СДСМ не чини!

на 19. 09. 2016 | |

Од текстот што е предмет на рецензија не може да се разбере ништо во врска со надзорната расправа за поплавите што требаше да се одржи во Собранието, освен дека истата е одложена поради бурните реакции на претеникот на СДСМ, Горан Сугаревски. Во написот, практично, воопшто не покажано зошто е важно расправата да се одржи, што требало да се расправа, туку однесувањето на пратеникот е искористено за да се напише еден коментаторски текст за оцрнување на опозицијата. Неодамна пратениците на СДСМ побараа, а ВМРО-ДПМНЕ се согласи, во Собранието да има надзорна расправа за поплавите на која требаше да се утврдуваат пропустите што ги направиле институциите во однос на заштита од поплави и со тоа предизвикале огромни штети врз населението. Опозицијата бара

Наслов за земјотрес кој го вади читателот од памет

на 15. 09. 2016 | | sq

 

[Рецензија: Земјотрес од 5,7 степени: 13 загинати и 203 повредени]

    Школски пример за текст кој со насловот „го вади од памет“ читателот, бидејќи првата помисла од неделата за Македонците, кога ќе се спомене земјотрес, е за Македонија, а написов е објавен утрото, кратко време по првиот земјотрес од низата релативно силни, кои до вчера се случуваа во земјава. Првиот земјотрес кој се случи во 7 часот изутрина во неделата беше со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала, но таа информација можеби тогаш некој ја прочитал, а некој не. Затоа објавување текст со ваков наслов, објавен во ваков тајминг, (9.43 часот) – односно, во време кога многу граѓани претпладнето на 11 септември се обидуваа да се информираат за

Сеење страв меѓу граѓаните

на 7. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ВНИМАНИЕ: Опасна двојка демне мали дечиња низ Скопје со цел да ги киднапира]

    Текстот што го рецензираме шири паника меѓу граѓаните бидејќи изнесува непотврдени информации во врска со обиди за киднапирање на деца во неколку скопски населби. Истиот се заснова на статус на „Фејсбук“, кој иако беше објавен на крајот на текстот, во меѓувреме е отстранет. Напис за вакво сериозно тврдење за безбедноста на децата, кое го засега секој родител, не може да се потпира само на фејсбук-статус, туку при неговото подготвување требало да се провери дали има пријава во МВР или, пак, да обезбеди изјава од засегнат родител, за да се провери вистинитоста и да се укаже на одредено предупредување. Доколку имало обид за киднапирање,

Текст кој од спортски натпревар прави политички скандал

на 1. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЗАЕВ СЕ ЗДРУЖИ СО „БАЛИСТИТЕ“: Лидерот на СДСМ покрај знамиња на УЧК навиваше за Шкендија (ФОТО)]

    Текстот што е предмет на рецензија има цел неосновано и без факти да го претстави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како предавник на македонскиот народ и нација, бидејќи присуствувал на натпревар меѓу фудбалските клубови „Шкендија“ и „Гент“. Заев е „виновен“ поради тоа што седел на неколку метри од местото каде што се „вееле знамиња на УЧК и шалови со карта на голема Албанија“, и, според текстот, тоа значи дека лидерот на опозицијата ја поддржува идејата за Голема Албанија. Иако на овој натпревар присуствуваа и други политичари и јавни личности, само Заев се најде на мета на медиумската хајка поради овој

Текст кој комплетно го извртува извештајот на „Фич“

на 29. 08. 2016 | |
     

[Рецензија: „ФИЧ“ ПОТВРДИ: Кризата која ја создаде СДСМ е причина за намалениот кредитен рејтинг]

    Овој текст е дефиниција за спин според учебник – комплетно ја извртува вистината за причините за намалувањето на кредитниот рејтинг на Македнија од страна на агенцијата „Фич“. Во него се вели дека „општиот заклучок поради што оваа агенција го намалила рејтингот е политичката криза предизвикана од СДСМ“, што е делумно точно, бидејќи во образложението наведено од агенцијата, опозицијата се споменува само во контекст на бојкот на Собранието. За другите фактори кои влијаеле врз намалувањето на рејтингот, како сериозните обвинувања за корупција втемелени на прислушуваните  разговори, неуспехот на Договорот од Пржино, протестите, опструкциите на високо ниво што ги искусило Специјалното

Една слика, сепак, не е илјада зборови

на 22. 08. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Изби вода под Археолошкиот музеј]

  Текстот ја дезинформира јавноста дека под Археолошкиот музеј избила вода. Информацијата не е точна бидејќи оваа институција демантираше дека се поплавила, односно оти станувало збор за чистење на музејот. Материјалот што е предмет на рецензија се базира само на фотографии. Иако станува збор за текст кој многу медиуми го пренесоа, задача на новинарот е да ја провери информацијата за поплавата, односно да се земе изјава од институцијата за која се пишува. Овој текст е уште еден пример како медиумите функционираат при пренесување на текстови, сите се „лепат“ еден на друг, без притоа да се провери она за што се пишува (пренесува).   Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Изби вода под Археолошкиот

Има разлика меѓу 150.000 и два милиона евра

на 18. 08. 2016 | |

[Рецензија: За ЗНМ на Насер Селмани 200.000 евра за поплавените во Скопско 150.000 евра]

Текстот што е предмет на рецензија има цел да ја минимизира помошта што Европската Унија ја даде за поплавените подрачја и истата да ја претстави како незначителна. Притоа, не се земa предвид фактот што и во самиот текст официјалниот извор од Европската Унија наведува дека помошта не се состои само од наведената сума од 150.000 евра, туку дека „на 8 август е активиран механизмот на ЕУ за цивилна заштита што практично значи доброволна помош од земјите-членки како одговор на потребата од прва помош“. Како своевиден демант на овој текст, беше и изјавата на раководителот на одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауке,

Сексистичка повраќаница

на 17. 08. 2016 | |

[Рецензија: НЕКОЈ ПОМАГА НА ПОПЛАВЕНИТЕ, НЕКОЈ ВОДИ ЉУБОВ: Кој е човекот со кого Фатиме така интимно си шепоти?]

  Текстот е дискредитирачки, дискриминирачки и сексистички во однос на јавната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи. Во него се изнесуваат непоткрепени тврдења за приватниот живот на Фетаи,  што воопшто не е јавен интерес. Од интерес на граѓаните е работата на Специјалното јавно обвинителство, случаите и предметите по кои постапува, но не и приватниот живот на вработените. Насловот на текстот е тенденциозен, бидејќи тоа што Фетаи не беше снимена со камери како помага во поплавените подрачја, не значи дека истото не го сторилa. Но, дали помагала или не, е нејзина лична приватна одлука и не е работа за која граѓаните треба