verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Силвана Жежова

Жерновски тенденциозно критикуван за снегот

на 9. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Жерновски го изненади снегот во јануари, улиците неисчистени (ФОТО)]

  Во текстот што го рецензираме, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, неосновано се обвинува дека службите на Општината не ги чистат улиците во Центар. Станува збор за дезинформација, бидејќи речиси истовремено со објавувањето на овој текст, до медиумите стигна соопштение од Општината во кое се информира дека снегот во Центар се чисти со четири возила и на улиците се фрлени неколку тони сол. Исто така, градоначалникот Жерновски на својот профил на „Фејсбук“ остави контакт-телефон на раководител во Општината, за граѓаните да се обратат доколку на некоја од улиците не е интервенирано од службите. Линк до оригиналниот напис: Жерновски го изненади снегот во јануари, улиците неисчистени (ФОТО) Датум и време

Шпекулативен, тенденциозен и оцрнувачки текст

на 9. 01. 2017 | |
 

[Рецензија: ДНО ОД ЧОВЕК: Маричиќ на платен список на Сорос, заработува милиони и излегува да го критикува интервјуто на Груевски во улога на експерт!]

  Во текстот што го рецензираме се изнесуваат лични навреди и обвинувања за директорот на Центарот за европско образование (МЦЕО), Бојан Маричиќ, без да бидат понудени факти за тоа. Насловот е тенденциозен и ја дезинформира јавноста во однос на заработките на Маричиќ бидејќи за „милионските суми“ нема докази, туку само бројки, податок за кој не се знае од каде потекнува. Директорот на МЦЕО е претставен и како критичар на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, што, всушност, е поводот и за овој дискредитирачки напис. Кон Маричиќ се упатуваат и лични навреди, при што во насловната конструкција

Партиска боја на загадувањето

на 3. 01. 2017 | |
 

[Рецензија: Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност]

  Текстот што го рецензираме е едностран и политички пристрасен, бидејќи на проблем каков што е загадувањето, му се дава политичка, наместо граѓанска димензија и тоа се прави уште во тенденциозниот наслов: „Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност“. Очигледна е намерата овој проблем  да се третира преку град во кој градоначалник е од редовите на СДСМ (Куманово), а притоа загадувањето на Скопје и на другите градови во Македонија воопшто не се споменува. Линк до оригиналниот напис: Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност Датум и време на објавување: 03.01.2017 Датум на рецензирање: 03.01.2017 Рецензент: Силвана Жежова

Наслов што сее паника и страв

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици]

  Насловот на текстот „Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици“, е сензационален и не соодветствува со содржината на текстот. Ваквата насловна конструкција предизвикува паника и сее страв помеѓу граѓаните. Фотографијата со која е илустрирана веста, исто така, не ја прикажува фактичката состојба и може да ја подгрее паниката што ја создава насловот. Линк до оригиналниот напис: Десетици повредени во Скопје – Крв на патиштата и низ градските улици Датум и време на објавување: 13.12.2016 Датум на рецензирање: 19.12.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

„КРВТА“ ВО НАСЛОВОТ ЈА НЕМА ВО ВЕСТА

Почетокот на текстот го демантира насловот, бидејќи се изнесува информација во

Рециклирање на информација стара четири години

на 15. 12. 2016 | |

[Рецензии: Унгарија ја призна Македонија под уставно име!]

  Текстот што е предмет на рецензија дава неточна информација во однос на признавањето на уставното име на Македонија од страна на Унгарија. Имено, Унгарија ја призна Македонија под уставно име во 2012 година, но осум медиуми објавија дека оваа држава нè признала под уставно име на 14 декември 2016 година. И одеднаш информација стара четири години, се објавува со ист наслов и со содржина кои се дизинформирачки. Линк до оригиналниот напис: Унгарија ја призна Македонија под уставно име! Датум и време на објавување: 14.12.2016 Датум на рецензирање: 14.12.2016 Рецензент: Силвана Жежова    

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Во написот што го рецензираме, се вели дека информацијата е преземена од „Вечер“, текст кој најпрво

Фотографија која прави „од мравка – слон“

на 14. 12. 2016 | | sq

 

[Рецензија: Пожар во училиштето „Ј.Х.Песталоци“]

  Фотографијата која е во прилог на текстот насловен „Пожар во училиштето „Ј.Х. Песталоци“, не соодветствува со реалноста за настанот. Иако информацијата е дека е опожарена само покривната конструкција, фотографијата прикажува нешто сосема  друго, како да гори целото училиште. Бидејќи се работи за чувствителна информација, секое искривување на вистината може да предизвика паника и вознемиреност кај граѓаните, односно родителите на децата кои учат во училиштето. Линк до оригиналниот напис: Пожар во училиштето „Ј.Х.Песталоци“ Датум и време на објавување: 01.12.2016 Датум на рецензирање: 14.12.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ПОГРЕШНА ФОТОГРАФИЈА

Според билтенот на МВР, настанот навистина се случил, ама во веста нема извор на информацијата, кој, сепак, треба да биде наведен. Инаку, оваа куса вест

Тешки обвиненија – со ништо непоткрепени!

на 9. 12. 2016 | |
   

[Рецензија: Очајниот Заев се фаќа за сламка: СДСМ во контакт со албански банди од Косово за инциденти на денот на изборите]

  Насловот на текстот што го рецензираме изнесува тешки обвиненија за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека, наводно, на денот на изборите подготвува инциденти со помош на албански банди. За овие тврдења не се изнесени факти, а имајќи ја предвид нивната тежина, многу лесно можат да поттикнат на насилство и на инциденти на денот на изборите. Текстот е шпекулативен и политички пристрасен. Насловот, пак, е тенденциозен и дезинформира. Линк до оригиналниот напис: Очајниот Заев се фаќа за сламка: СДСМ во контакт со албански банди од Косово за инциденти на денот на изборите Датум и време на објавување:

Спинување на поимот федерализација

на 8. 12. 2016 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Со еднојазични постери Заев почна федерализацијата да ја спроведува на дело]

  Текстот што го рецензираме е школски пример за спин, бидејќи обвинува дека „со еднојазични постери, Зоран Заев започна федерализацијата да ја спроведува на дело“. Имено, федерализација на држава не се спроведува со печатење политички пропаганден материјал на јазик кој во државата е втор најупотребуван. Ниту постои пример за држава во светот која токму на тој начин била федерализирана. Оттука, се поставува прашањето дали државата и сега е федерализирана, бидејќи имиња на школи и на институции, освен на македонски, се испишани и на албански јазик, а притоа истиот овој јазик може да се користи и при пополнување официјални документи во македонските државни институции. Линк

Тенденциозни клевети за анкетата на ТВ „Телма“

на 7. 12. 2016 | |

[Рецензија: Нелогичности кои покажуваат дека анкетата на „Телма“ е тежок фалсификат]

  Текстот што го рецензираме не нуди докази за обвинувањето дека анкетата на „Телма“ за рејтингот на партиите пред изборите е „тежок фалсификат“. Во написот се констатираат „нелогичности“ во споменатата анкета и притоа се вели дека „доколку се соберат рејтинзите на партиите, како и процентите на неопределени гласачи, оние кои одбиваат да одговорат и се изјасниле дека нема да гласаат, тогаш не се доаѓа до 100 проценти“. Но, не може да се добие точно 100 проценти (кои наводно покажуваат дека анкетата е фингирана), бидејќи при пресметување на гласовите, имаме заокружување на децимални броеви. Правилото вели дека за да се заокружи децимален број, се гледа првата цифра што треба

Ако „баба“ лаже, фотографиите не лажат!

на 7. 12. 2016 | |

[Рецензија: Слаб одзив, слаб говор- разочараност во СДСМ од очајниот митинг]

Текстот што е предмет на рецензија е тенденциозен и не ја прикажува вистинската атмосфера и бројност на присутните на митингот на Коалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ, што се одржа пред Владата на 5 декември (2016). Наспроти тврдењето дека митингот бил со слаб одзив, наводно, имало само 15.000 лица, фотографииите, но и снимките од дрон, покажуваат масовна присутност. Исто така, не се точни ниту тврдењата во насловот дека кај социјалдемократите постои разочараност од митингот, бидејќи СДСМ овој митинг и оној во Битола ги оцени како најмасовни во кампањата. Линк до оригиналниот напис: Слаб одзив, слаб говор- разочараност во СДСМ од очајниот митинг Датум и време на објавување: