[Рецензија: Стевчо Јакимовско доживеал срцев удар]
Во текстот се изнесуваат невистинити информации за здравствената состојба на градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевче Јакимовски, за што е објавен и демант од кабинетот на градоначалникот. Веста е непроверена, а не оддава чувство ниту дека се сакало да се земе изјава и со тоа да стане посодржајна.
Линк до оригиналниот напис: Стевчо Јакимовско доживеал срцев удар
Датум и време на објавување: 05.12.2015
Датум на рецензирање: 10.12.2015
Рецензент: Силвана Жежова
НЕВИСТИНИТА ИНФОРМАЦИЈА
Текстот се осврнува на здравствената состојба на градоначалникот на Општина Карпош, а притоа нема ниту еден релевантен извор што ќе потврди дали Стевчо Јакимовски навистина бил на домашно лекување, а потоа, наводно, бил згрижен и на приватна