verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Димитровски

Политичка пропаганда во пикантен програмски сендвич

на 10. 10. 2014 | | sq
 

За народот да ги гледа вашите вести, без оглед дали се независни, професионално одработени или партиско-политички и пропагандно штелувани, треба „да го врзете“ за телевизорот. А, просечниот македонски гледач во 2013 година гледал 4 часа и 27 минути ТВ програма дневно! И полека ќе разберете зошто по шоуата на Доктор ОЗ, квизот на Лила Филиповска и народните ТВ приказни, без оглед дали сте гласач на власта или на опозицијата,

Остварлив ли е Фондот за професионални медиуми

на 19. 09. 2014 | |
 

Еден предлог за подобрување на состојбата со медиумите, кој летово го лансираше пратеник од владејачката коалиција, остана некако без одглас и без нужно внимание во јавноста. Никој не поверува оти Павле Трајанов навистина има моќ да ја протурка идејата за основање фонд за професионални медиуми, независни од партиско-политичко влијание, во кој пари ќе вложи и државата, но и приватни бизнисмени, домашни и странски фондации. Трајанов ги повика и новинарите

Kомарците и слободата на печатот

на 3. 09. 2014 | |
 

Јавниот сервис не е за партиите и за нивната пропаганда, туку за граѓаните. Партиите и нивните ставови се само дел од политичкиот, социјалниот, економскиот, културниот живот, кој јавниот сервис треба да го покрива. За разлика од приватните медиуми, јавниот сервис мора да има и образовни содржини, историска документаристика итн. која не смее да биде партиско-политички обоена и индоктринирана, како што е сега.

  Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ   Документарниот филм

Плукни и се на слободата ако не можеш да ја резилиш опозицијата!

на 30. 06. 2014 | |
На глодурот на ДПМНЕ му пречи намерата за што фондацијата Сорос ги доделува парите на медиумите – „за критика на Владата“. Критиката на власта, според него, не е легитимна цел на медиумите во демократијата!? Тогаш, каква улога сака тој да им припише на медиумите? Улога на билтени, пренесувачи на информации од власта до поданиците, пропагатори на владините политики, или можеби улога на џелати, оцрнувачи на опозицијата?   Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ  

„Плева“ од медиуми и „плевел“ од медиуми

на 17. 06. 2014 | |

Груевски на граѓаните им подметнува лоши аргументи, надевајќи се дека ќе го земат здраво за готово и нема критички да го промислат и анализираат неговото аргументирање. Со патетичните примери за вселенскиот брод на Заев и авионот на Рада, како и секој политичар-пропагандист, Груевски очигледно користи манипулативен јазик, а прави и злосторство против логиката

  Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ   На прославата на 23-годишнината на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот

Народот бира опозиција

на 30. 05. 2014 | |
 

Иако не беа саглам опозиција, Заев и дружината, какви-такви, сепак требаше да останат во Собранието. Насила, дури не се создаде нова опозиција. Зашто нема лезет без опозиција. Арно ама, сега е готово. Народот мора да си ја поправи грешката. Мора да роди опозиција. Ајде сите да му помогнеме на пастирот што побрзо Македонија да си најде опозиција

  Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ   На последните парламентарни избори народот не ја

Мир во македонскиот кафез

на 16. 05. 2014 | |

Општеството во кое живееме боледува од хронична политичка депресија. Ова што ни се случува наликува на феноменот кој во психологијата е познат како научена беспомошност (learned helplessness), немоќ. Ни треба позитивна политичка психологија за да се излекуваме, ама само ако почнеме веднаш

  Пишува: Зоран Димитровски   Нема помош од политичкиот цунами што нѐ снајде. Гробната скандинавска изборна тишина беше толку гласна, што некои осамени крикови во неа само подлабоко

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

на 2. 05. 2014 | | sq
 

Едно бандитско правило вели: кога крадеш, кради многу! Зошто да те наречат крадец за сто евра, ако можеш да украдеш еден милион? Илузијата на беспрекорно чиста победа се состои токму во тоа: што подраматичен пораз, помалку сомнение во изборната измама, што понедостижна разлика во гласовите, повеќе верба во моќта на власта, а што полош резултат за опозицијата, поголема резигнација и разочарување кај граѓаните

  Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ   Може