Доследност во пропагандата
Објавено во: Рецензии
на 13. 06. 2016 | | sq Автор: Зоран Бојаровски
[Рецензија: Џорџ Сорос пере раце од Македонија!]
Многу е важно еден новинар или медиум да бидат доследни. Доследноста на ставовите се постигнува со претходно добро избрани извори, кои задолжително треба да ги инволвираат сите страни, добро и двојно или тројно проверени факти, кои ќе демонстрираат сеопфатност и избалансираност.
Се разбира, доследноста не е догма. Може да се случи и да се погреши или околностите да покажат дека некој од изворите манипулирал… Тогаш е најдобро да се признае грешката и да се поправат нештата. Ако треба, не е страшно и извинувањето.
Подолго време медиумот што ја објави медиумската содржина што ја рецензираме ја афирмираше тезата дека Џорџ Сорос ја генерира политичката криза во Македонија. Во недеогледната серија текстови, освен неговото име,