Анкети и експерти на услуга
Објавено во: Рецензии
на 15. 07. 2016 | | sq Автор: Зоран Бојаровски
[Рецензија: Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно]
Каква е целисходноста на објавување резултати од стари анкети? Уште повеќе, каква намера се открива кога во една медиумска содржина се објавуваат само коментари поврзани со тие анкети, без да се добие јасна слика за што станува збор, бидејќи нема јасни бројки и статистички податоци врз основа на кои може да се препознаат трендови и да се споредат параметри?
Вакви прашања предизвикува текстот што го рецензираме. И бидејќи самиот текст не нуди одговори на овие прашања, тогаш останува контекстот или мотивацијата, на ваков начин да се коментираат нецелосни, несеопфатни и неиндикативни резултати.
Мотивацијата се открива во изјавата на соговорникот од кој се побарани коментари и кој во еден дел