Не Јанева, други го прават медиумскиот циркус
Објавено во: Рецензии
на 21. 10. 2016 | | sq Автор: Зоран Бојаровски
[Рецензија: СЈО повторно во Холивуд: Филмско сценарио во УБК за кампањата на СДСМ]
Уште во првата реченица на оваа медиумска содржина се соочуваме со прекршување на Кодексот на новинарите.
„Наместо правна постапка согласно законот, Катица Јанева уште еднаш се обиде да направи медиумски циркус, овој пат во Министерството за внатрешни работи“.
Коментаторските елементи во оваа реченица се во спротивност со членот 13 од Кодексот, кој бара од новинарите да прават разлика меѓу вест и коментар:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Оваа реченица, практично, го дава тонот на целиот извештај, иако со ваквата постапка веќе се целосно разнишани и изрелативизирани критериумите според кои треба да се утврди за каков новинарски жанр овде