Рецензија: Естрадата се обедини со Тони Михајловски – погледнете ја оваа „гужва” на неговиот профил на Facebook
Објавено во: Рецензии
на 8. 01. 2014 | | Автор: Зоран Бојаровски
Неодамна во новинарската лекција под наслов „Тролови насекаде – коментарите на интернет“ го цитиравме заклучокот во истражувањето Еarly comments on stories affect what later readers believe, and what they say, за навиките на интернет корисниците кога се коментарите во прашање, Џеф Сондерман за Институтот Поинтер, кој вели дека
„корисниците на интернет сѐ почесто прво ’ѕиркаат’ во коментарите, па дури потоа да го читаат текстот”.
Напишавме дека тоа крие една сериозна опасност оние што практикуваат такво читање на изворниот текст да му пристапат веќе инфицирани – без разлика дали инфекцијата е позитивна или негативна.
Но, изненадувањата во македонското новинарство, особено она онлајн, продолжуваат непријатно да изненадуваат. Сега коментарите се сервираат како новинарска содржина на која „авторот” додава само наслов кој, обично,