verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Скопјани можат мирно да спијат – МВР затвори познат убиец

на 8. 05. 2014 | | sq
Со само една реченица, еден граѓанин, без никаква основа, е етикетиран како „познат“ убиец, а тоа дека бил уапсен од полицијата, значело дека скопјани сега можат мирно да спијат. Ништо во таа реченица на го потврдува тврдењето во насловот дека се работи за „познат“ убиец, ниту, пак, дека заради него во градот владеела несоница од страв. Ептен неодговорна новинарска постапка која произлегува од немањето свест дека дури и осудените лица не се лишени од сите права и дека одговорноста кон тие нивни права останува и понатаму обврска за сите, па и за новинарите. Линк до оригиналниот напис: Скопјани можат мирно да спијат – МВР затвори познат убиец Датум и време на објавување: 05. 05. 2014, 12:52 Датум на рецензирање: 07.

Рецензија: Какво млеко пиеме – Знаете ли што значат бројките на пакувањата?!

на 6. 05. 2014 | | sq
Новинарите не се експерти и познавачи. Тие се само собирачи на информации вредни да бидат вест кои за да бидат уверливи мора да бидат поткрепени со извори и коменатри, или мислења, на личности кои се стручни, кои се познавачи, а понекогаш и авторитети чие мислење се цени…. Ова за поткрепата на информациите што ги пласираат медиумите е особено важно кога се работи за теми кои се од посебен јавен интерес за публиката како што се здравјето, здравата храна и здравата околина, безбедноста… Оттаму, сосема несоодветно е за тема каква што обработува информацијата што ја рецензираме – квалитетот на млекото – да нема ниту едно стручно лице кое ќе ги потврди, порекне, односно, ќе го објасни тоа што го тврди авторот

„Само добар Албанец заслужува да биде Македонец, или во најмала рака – со потекло од Македонија“

на 4. 05. 2014 | | sq

[Рецензија: Ресторан на Македонец четврти пат прогласен за најдобар во светот]

Уредувачката политика на еден медиум не може да има двојни стандарди, не може да се однесува како флипер, па како ќе го чукнат, односно притиснат, така да тилтува, односно да пишува. Ако зборуваме за релевантна уредувачка политика која се потпира врз цврсти вредносни столбови, таа мора така и да се практицира: континуирано и јасно препознатливо од публиката. Особено кога станува збор за важните, темелни, етички прашања како што е известувањето за различностите во мултикултуирни средини, каква што, всушност, е и нашата. Многу е несериозно еден ден, во еден текст, еден ист медиум, да шири хомофобија, нетолеранција со говор на омраза, а веќе наредниот ден, во друг текст, во тој

Текст со хушкачки елементи

на 28. 04. 2014 | | sq

[Рецензија: Која е невладината „Цивил“?]

Членот 10 од Кодексот на новинарите е јасен: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“ „Новинарскиот“ текст што го рецензираме ги прекршил речиси сите точки на препораките на овој член од новинарскиот кодекс. Текстот узурпира човекови права и слободи зашто проблематизира дека некој, или некоја организација, се бави токму со тие прашања; текстот „говори“ со јазикот на омразата и дискриминацијата: и, во него има неточни и нецелосни податоци во поврзани со проектот што за Советот за радиодифузија (СРД) го

Рецензија: Мода на митинзи – кампања со стил!

на 24. 04. 2014 | |
Една занимлива тема која, секако, може во голема мерка да го предизвика љубопитството на читателите е упропастена. Модните концепти и детали, како стајлингот на политичарите за време на изборната кампања е навистина интересна тема, доколку се направи неутрално, непристрасно и со соодветни стручни експерти кои ќе го поврзат имииџот на политичарите со нивните личносни особини, политички програми и чувство за комуникација со јавноста и на овој начин. Се разбира, треба да се биде внимателен за да се избегне медиумскиот упад во приватноста и да се издвои битното од небитното, релевантното од безначајното и да се остане во политички коректниот контекст. Ништо од ова погоре не е испочитувано во новинарскиот текст што го рецензираме. Упропастена е една добра новинарска приказна само

Псевдотекст со непримерен јазик, кој буди стравови од позиции на етноцентризам

на 24. 04. 2014 | |

[Рецензија: Пендаровски на колена молел на Косово]

Кога медиумите би се држеле до етичките и професионалните највисоки стандарди кога се известува за време на изборна кампања, секако нема да имаме голем број „новинарски“ содржини кои наместо непристрасност и избалансираност ги краси партиска боја, па дури и нервоза. Конкретно, во однос на нашата медиумска реалност предоминантни се медиумски содржини кои целосно го загубиле компасот кој претпочита известувањето од политичките процеси, посебно

Минијатура на махерите на спинот

на 23. 04. 2014 | |
Во теоријата, најчеста дефиниција за спинот е дека тој е форма на пропаганда, која се постигнува преку обезбедување на интерпретација на одреден настан или кампања, за да го убеди јавното мислење во корист, или против, одредена организација или јавна личност. Имајки ја оваа дефиниција, ви нудиме, почитувани читатели, вие самите да определите дали има спин во насловите на овие две вести во еден ист медиум: Вест број 1: „Поевтинуваат бензините и дизелот„ (објавена на 13 јануари 2014 13:56) Вест број 2: „Одредени нови цени за бензините и дизелот“ (објавена на 22 Април 2014 12:26) Во првата вест фактичката ситуација е дека е постигната согласност за пониска цена на бензините и медиумот за да ја афирмира оваа информација во насловот го

Рецензија: Непризнавањето на изборните резултати значи талибанизација на државата

на 23. 04. 2014 | |
Следува рецензија на еден новинарски текст без видлива ознака дали се работи за мислење, коментар. Тоа е елементарното правило во опремувањето на новинарските текстови за да се издвои она е што е авторско мислење од анализа, која, колку и да е искусен новинарот, мора да се потпира на извори, изјави, референци… Тоа ја прави разликата меѓу мислењето и анализата. Текстот се повикува на наводно изречени или напишани мислења на новинари или аналитичари кои новинарката им ги припишува на партиски членови на СДСМ или на медиумски претставиници, но нема ниту една поткрепа со цитат или укажување кој, кога и каде најавил непризнавање или бојкот на изборните резултати. За волја на вистината, лидерот на најголемата опозициска партија во интервју за еден медиум

Прикриени информации за да помине невистината

на 22. 04. 2014 | |

[Рецензија: СОЦИЈАЛИСТИЧКА ИНТЕРНАЦИОНАЛА – СДСМ ѝ останува верен, Дачиќ ја напушта]

Ова е уште еден текст од оние за кои пред да почнат да се пишуваат се исцртуваат рамките и тезите кои треба да се поентираат. Доколку не е така, тогаш се работи за недозволива небрежност да се проверат фактите, бидејќи тие се сосема спротивни од она што го застапува овој текст. Како прво „застапувањето“ не е работа на новинарите, а како второ и во двата случаи, и да е однапред подготвена тезата, и ако се работи за небрежност, всушност зборуваме за непрофесионалност и за непочитување на новинарските стандарди. Линк до оригиналниот напис: СОЦИЈАЛИСТИЧКА ИНТЕРНАЦИОНАЛА – СДСМ ѝ останува верен, Дачиќ ја напушта Датум и време на објавување: 14.04.2014, 13.22

Рецензија: Додека глумиме Европејци, ДУИ крои планови за размонтирање на државата

на 21. 04. 2014 | |
Новинарската анализа за резултатите од првиот круг претседателски избори што ја рецензираме, почнувајќи од нејзиниот наслов, во сите делови на текстот и во неговата завршница оддишува со етноцентризам. Од Марс се гледа тоа. За да бидеме појасни еве ја дефиницијата што ја предлага Д-р Мирјана Најчевска во анализата „Црвено светло за етноцентризмот“: „Етноцентризмот по дефиниција е тенденција да се гледа на светот, пред сè, од перспектива на сопствената етничка заедница. Од една страна сме НИЕ, а од друга сите ДРУГИ.“ Имајки ја оваа дефиниција предвид, д-р Најчевска сугерира дека: „На етноцентричност може да се посомневаме и кога во одредена медиумска информација/текст активностите на својата заедница  се прикажуваат како „исправни” и „нормални”, додека активностите на другите култури се прикажуваат како „погрешни”