verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: ФОТО: Нема да верувате – еве што се падна во рацете на Царината

на 13. 06. 2014 | | sq
Една од сѐ поприсутните појави кај информативните портали на интернет е копи/пејст пласирањето на билтени, извештаи, дневни и друг вид информатори кои ги пласираат имателите на разни информации. Веб админстраторите, бидејки, ќе се согласите, многу е тешко да ги наречеме новинари, ги копираат овие билтени, ги пастираат на нивните интернет огласни табли и мислат дека завршиле работа. Една таква медиумска содржина анализираме и рецензираме тука. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Нема да верувате – еве што се падна во рацете на Царината Датум и време на објавување: 11.06.2014 Датум на рецензирање: 12.06.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Читаме „чаршав“ на испишани, каталогизирани, заплени на царината и тоа е здодевно, здодевно и здодевно… Ајде, си велиме, можеби е тоа оправдано зашто насловот најавува

Рецензија: Список на Greenpeace: Храна која содржи ГМО состојки

на 10. 06. 2014 | |
Нашиот читател, во делот за предлози за рецензии на веб страницата на Сервисот за проверка на фактите од медиумите, напиша: „Медиумот нема објавено ниту линк до списокот, а на веб-страницата на Гринпис нема ваков список. Ако побарате на Гугл со “greenpeace black list gmo” има разни резултати, ама ниту еден не води кон баш ваква листа од Гринпис.“ Станува збор за тоа дека најпознатата светска еколошка организација Гринпис, според  информацијата на медиумот чија вест ја рецензираме, составила список од прехранбени продукти кои содржат генетски модофицирани состојки. Тоа е тема која секогаш го предизвикува љубопитството на публиката. Глобална тема, која заради достапноста на прехрамбените продукти и на нашиот пазар, е, секако, тема и за нашата публика. Но, како што

Рецензија: Се продаваат грчките плажи каде што одмораат Македонците – Ќе се наплаќа влез

на 9. 06. 2014 | | sq
Оваа вест изворно e објавена во друг медиум, но ја пренесоа речиси сите останати со поента дека се продаваат грчките плажи каде што одмораат Македонците. Провидно и со елементи на сензационализам, се дува балон кој нема многу врска со реалната иницијатива и импликации на грчката агенција за приватизација и на Агенцијата за проценка и развој (TAIPED). Иако се работи за голема иницијатива во Грција, која опфаќа и приватизација, односно издавање под закуп на голем број на крајбрежни капацитети и плажи, оние каде што, меѓу другите, одмораат и Македонци, се само помал број. Значи, не се „продаваат само плажите каде што се одмораат Македонци“, како што се издвојува во насловот и во текстот што го рецензираме, туку и стотина други низ

Рецензија: СДСМ за непризнатите гласови ќе добие 70.000 евра

на 5. 06. 2014 | | sq
Тенденциозноста и пристрасноста на новинарскиот текст што го рецензираме се препознава уште во насловот. Уште оттука се  дефинира аголот од кој се тргнало во пишувањето на текстот. Една обична, техничка информација, на тој начин добива една изразито политичка димензија. Некој ќе рече, што има спорно во тоа? Уредувачката политика на медиумот му ја дава слободата да врами една вест на начин на кој смета дека треба да се врами. Така е, вели теоријата и новинарската пракса, но таа постапка мора да има аргументи и сериозни прични зошто една вест би се бојосала на тој начин. Да провериме, низ една објективна и мерлива методолошка постапка за утврдување на фактите од медиумскиот текст, дали тој има такви аргументи. Линк до оригиналниот напис: 

Рецензија: Случај „Монструм“: „Пукаме на Величетврток за да ви биде крвав Велигден“

на 4. 06. 2014 | | sq
Текстот што го рецензираме е уште еден од оние кои си го обезбеди своето место на новинарскиот „ѕид на срамот“. Од неколку причини. Како прво, насловот на текстот е  крајно некоректен, злонамерен и застрашувачки. Изведен од завршните зборови на обвинителството во случајот „Монструм“ и вака поставен излегува дека е изјава на обвинетите. Тоа е тенденциозен непрофесионализам кој оди во прилог на поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост во услови кога нашата земја е под постојана тензија и провокации во однос на мултиетничкиот амбиент. Линк до оригиналниот напис: Случај „Монструм“: „Пукаме на Величетврток за да ви биде крвав Велигден“ Датум и време на објавување: 30.05.2014, 13:57 Датум на рецензирање: 30.05.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Целиот текст, од кој произлегува и овој ептен несоодветен и

Рецензија: Статистика: Македонските менаџери оптимисти дека ќе расте производството и ќе има нови работни места

на 1. 06. 2014 | | sq
Дури и но насловот на овој текст се сугерира дека во него ќе прочитаме статистички податоци, кои треба да го поткрепат тврдењето искажано во него дека „во наредниот период ќе расте производството и ќе има нови работни места“. И кога ќе тргнете да го гледате ТВ прилогот или да го читате текстот објавен на интернет порталот на медиумот, од статистиката – нема ништо. Статистичките податоци му служат на новинарот за да ги поткрепи своите, или анализите на експертите и засегнатите во нивните новинарски производи. Тие можат да бидат моќен аргумент за прогнози или за анализирање на трендови. Се разбира, само и само доколку не се злоупотребуваат и од страна на оние што ги пласираат и од страна на

Рецензија: Мистериозна македонска народна песна ја опишува смртта на Александар Македонски

на 30. 05. 2014 | |
Основниот проблем на тесктот што го рецензираме е што не е јасно определен жанровски. Доколку претендира да биде новинарски текст, тој има еден од најсериозните недостатоци што еден новинарстки продукт треба да ги има: релеватнтни и стручни извори кои ќе ги поткрепат тезите во него или барем ќе изнeсат мислења поврзани со тврдењата застапени во него. Текстот не е ниту научна анализа, бидејќи некои од поконтроверзните тврдења во овој текст остануваат без неопходните методолошки референци за една научна статија. Тексот, се осмелуваме да кажеме, не е ниту публицистика, зашто заради тоа што не е ниту новинарство, ниту наука и со тоа не е ниту публицистика, зашто таквите дела се своевиден спој на журнализмот и науката. Да ги поткпрепиме овие наши

Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?

на 27. 05. 2014 | |

Еден од одговорите е во отуѓеноста од политиката, од исклученоста на граѓаните (медиумската публика) да учествува понепосредно во креирањето на политиките и во одредувањето на стратегиските прашања кои се однесуваат и произлегуваат од јавниот интерес. Поради тоа, публиката се сврте кон спортот, забавата, црната хроника, светот на славните и нивните секс скандали.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Неверојатно е како современо звучи една изјава на некогашниот претседател на САД, Томас

Рецензија: Повторно активна сектата „Црна Ружа“- се самоуби студентка

на 24. 05. 2014 | | sq
Сосема е можно некоја појава во заедницата да предизвикува загриженост, па дури и да биде вознемирувачка и предупредувачка. Медиумите треба со прст да покажат на таквите појави, но нивните медиумски производи на овие теми мора да бидат аргументирани и докажливи во однос на појавите кои можат да бидат загрижувачки. Уште повеќе текстовите на овие теми не смеат да сејат дополнителен страв и несигурност заради тоа што се несеопфатно елаборирани сите елементи кои една ваква новинарска прикзана ќе ја направат конструктивна, а не сензационалистички продукт кој си игра со стравовите на луѓето. Линк до оригиналниот напис: Повторно активна сектата „Црна Ружа“- се самоуби студентка Датум и време на објавување: 14.05.2014, 13:18 Датум на рецензирање: 19.05.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Освен фактот дека

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, СДСМ нема да се оправи!

на 19. 05. 2014 | | sq
Од наднасловот (Нема консолидација), до последниот параграф, со неиздвоен коментар во новинарски извештај, („За да биде целата ситуација уште потрагична…“), овој текст е врамен во рамка од едностраност и коментирање кои не се автентични особености на еден новинарски извештај. Напротив, вака структуриран текст е ништо друго освен пристрасен новинарски производ кој вклучува мислења аргументи. Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, СДСМ нема да се оправи! Датум и време на објавување: 11.05.2014 Датум на рецензирање: 12.05.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Никако не оди една ваква новинарска постапка да се идентификува со податокот во глвата на овој медиум кој укажува дека тој постои цели 40 години. Едноставно е неможно медиум што истакнува дека е одамна во сферата