verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Медиумот како ѕиден весник на пропагандата

на 28. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Груевски: Владата усвои план за нови реформи за европска интеграција]

  Сосема е нормално политичарите да ги користат сите канали за комуникација, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, за сопствена и за афирмација на политиките што ги застапуваат. Никој не е наивен да помисли дека на сопствениот фејсбук-профил, премиерот, на пример, ќе биде објективен и реален и дека нема да пропагира. Се разбира, тој може да го прави тоа, ама зрелите, медиумски емнаципирани поединци и организации, ќе знаат да го препознаат тоа и да не дозволат неговата субјективност или невистина, да влијае на нив. Тоа најмалку се очекува од медиумите. Тие треба да ги следат активностите на политичарите на социјалните мрежи, но само како информација која ќе поттикне автентична и

Рециклирање на пропагандата

на 26. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Улогата на Шекеринска во креирањето политичка криза и нанесувањето на штета на Македонија!]

  Колку очајна треба да ви биде потребата да денунцирате, односно јавно да обвините некого само поради тоа што реагира со превртување на очите и со нервозна гримаса? Можеме да го разбереме како резултат на слепилото што ги зафаќа за време меѓусебните дуели и како последица на недостиг од креативност. Но, никако не можеме да го разбереме, ниту да го прифатиме како причина за новинарски текст. Таа констатација, дури и да е точна, е многу далеку од основните критериуми која информацијата треба да ги поседува за да биде медиумска вест. Линк до оригиналниот напис: Улогата на Шекеринска во креирањето политичка криза и нанесувањето на штета на

Медиумска измама и недемантирачки демант

на 26. 06. 2015 | |
Недостапно за демант, извинување нема. Веб-страницата на МРТ.  

Срамот за оваа постапка дополнително го сведочеше пораката „Access Denied“ на местото каде што беше објавена измамата, со што симболично и без да сакаат, одговорните во МРТ сосема јасно ѝ ставија на јавноста до знаење дека таа нема пристап до јавниот сервис, сервисот на граѓаните на Македонија.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Концептот „недемантирачки демант“ е една од вообичаените алатки во

Партискиот пред јавниот интерес

на 25. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Брисел бара да запрат вработувањата во државните служби]

  Како тоа од долгата серија препораки од извештајот на Рајнхард Прибе, авторот на медиумската содржина што ја рецензираме, ја избрал токму темата за вработувања во државната администрација. Не дека не е битно или дека е помалку битно, но начинот на кој е обработена оваа тема од долгата листа препораки во извештајот на експертската група на ЕК, отвора сериозни прашања за етичкиот пристап. Поради селективноста и поради наведените површни елаборации на темата во која доминира сеењето страв дека ќе пропаднат најавените вработувања и надежите на оние кои ги очекуваа. Линк до оригиналниот напис: Брисел бара да запрат вработувањата во државните служби Датум и време на објавување: 19.06.2015, 10:03 Датум на рецензирање:

Препишано мени како новинарски текст?! Ви се верува ли?

на 22. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: „35 денари кафе – 50 денари ракија: Погледнете ги цените во оваа кафеана во центарот на Скопје“]

  Авторот на оваа рецензија воопшто не е среќен што троши време на оваа медиумска содржина, но што да се прави. Едноставно – мора да се регистрира зошто ова не може да помине како новинарство. Заради угледот на професијата, заради јавноста, заради помладите колеги и заради констатирањето на еден феномен, на една

Не ја омажил Груевски, сама се омажила

на 17. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Премиерот Груевски ја омажи најмладата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ]

  Постојат повеќе теории што ја објаснуваат преовладувачката тривијализација на медумите и на медиумските пораки. Една од нив е „Теоријата на недоверба во политиката и политичарите“ (Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?). Таа теорија сугерира дека токму тие се одговорни за таблоидизацијата на медиумите и на медиумските содржини. Нискиот степен на доверба во политичарите ја сврте публиката кон други

Ниту „Н“ од новинарство

на 14. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Ефективни мерки за намалување на невработеноста]

  Оваа рецензија може да заврши веднаш по втората реченица. Во неа констатираме дека не е новинарство кога медиумските содржини, целосно исти од првата буква до последната точка, кои очигледно доаѓаат од еден дистрибутивен центар, се објавуваат во различни медиуми, па дури и ги потпишуваат различни новинари. Тое е „тејлор-мејд“ новинарство, или, на кирилица, тоа се написи креирани, лепени, сечени, прелепувани, скроени според

Кампањата „Избори 2016“ почна

на 11. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Пациентите најзадоволни во Крушево, Кичево и во Македонски Брод]

  Анкетите се силна алатка за истражување на јавното мислење, но тие можат да бидат и начин за моделирање на јавното мнение. Се вели дека анкетите претставуваат многу корисно орудие во политиката, меѓутоа, исто така, можат да бидат и исклучително манипулативна алатка. На ова второто, мириса и овој новинарски текст, особено поради тоа што во него нема суштински, од независен

Сорос не е ниту на „црната листа“ на Кремљ

на 6. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Путин нареди – меѓународна потерница за Џорџ Сорос!]

  Станува опасно. Станува општо присутно непроверени, непотврдени информации, дури и од еден официјален извор, да бидат објавени како вистини. Да не зборуваме за правилото да бидат потврдени од два независни извори. Тоа веќе одамна кај нас е незамислива новинарска практика. Изгледа дека има една иста таква ситуација и со медиумската содржина опфатена со оваа содржина. Линк до оригиналниот напис: Путин

Сперма во вселената

на 30. 05. 2015 | | sq

 

[Рецензија: Ќе се истражува дали постои вонземски живот во стратосферата над Македонија]

  Во потрагата по атрактивна, ексклузивна сторија, понекогаш медиумите ги испуштаат од раце критриумите за тоа што е вредно да биде вест, дали нешто е од јавен интерес или не. Многу често се случува и тоа новинарот да биде повлечен од инерцијата на настаните што ги организираат лицата со јавни функции и, како по правило, да прават вести од секој настан, средба, состанок на градоначалникот, министерот, претседателот… На советниците за медиуми на овие јавни личности им е битно да наредат уште еден медиумски афирмиран настан на нивните шефови и тие помалку се грижат за релевантноста на тој настан. Но, дали новинарите треба да им подлегнат на настојчивите