Минотаур од текст: Човечко тело со глава од бик
Објавено во: Рецензии
на 25. 01. 2017 | | sq Автор: Зоран Бојаровски
[Рецензија: Балканските соросоиди се приклучуваат во војната со Трамп и американската администрација]
Кога ќе ја прочитате оваа медиумска содржина сфаќате дека станува збор за создание составено од две различни целини. Или некоја мутирана новинарска форма. Или, ми се чини, најдобра илустрација за Минотаур. Она митолошко суштество кое се родило од копулацијата на критската кралица со – бик.
Се разбира, далеку од тоа дека текстот што го рецензираме има митски димензии. Само сакаме најпластично да објасниме што може да се роди кога се кршат правилата во новинарството и кога се прават обиди да се спои тоа што не се спојува. Бидејќи нема лепак.
Некој, сепак, создал „Франкенштајн“ од текст и затоа вреди да се запрашаме, сепак, што е тоа што послужило