verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Нула вредност – нула вест

на 13. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: Отворена сувенирница на ГП Табановце]

  Ниту еден од критериумите што влијаат една информација да биде новинарска вест, не е исполнет во оваа медиумска содржина. Да не забораваме, од секоја информација не може да се формира медиумска вредност која потоа, според професионалната обработка, се трансформира во вест. Доколку не е  така, тогаш медиумот не практикува новинарство, туку билтенство. Државните новински агенции, пак, најмалку треба да бидат – билтени. Кому било, кога било. Како прво, воопшто не личи една министерка за култура да отвора, па уште и свечено, киоск за сувенири на граничен премин. Но, ајде, да прифатиме дека министерката имала потреба. Таа потреба е од некои други критериуми кои никако не се компатибилини со критериумите што одредуваат дали новинарите

Премиер претставен како златна рипка

на 11. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: Преку посетите на терен најдобро се решаваат проблемите на граѓаните]

  Нема премногу да се задржуваме со рецензијата на оваа медиумска содржина. Така како што е напишана, таа го претвора медиумот во гласило, билтен на претседателот на владата и во неа нема ништо што е вредно за да биде вест или друга стандардна медиумска содржина. Освен непостоењето или немањето желба да се почитуваат принципите кои утврдуваат дали една информација е вредна да биде вест, оваа медиумска содржина нема ниту критички однос кон активностите на политичарите кои се избрани од народот за да работат во име на јавниот интерес. Во овој случај, еден еманципиран и политички образован медиумски уреднички тим, не може да пропушти да укаже дека овој тип активности,

Заблуди во презентацијата на многу важен документ

на 10. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: Извештај на ММФ е потврда на работата на Владата и демаскирање на лагите на опозицијата]

  Уште во насловот на медиумската содржина што ја рецензираме се препознава политичката пристрасност и политичкото читање на последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд за финансиските и за економските переформанси на земјата. Тоа, политичкото читање и интерпретација на извештај кој се прави според строги утврдени мерења на многу финансиски, економски, законски и политички параметри, во медиумската презентација создава конфузија и сеење магла што имаат единствена цел – да ги скријат суштинските препораки од извештaјот. И самите експерти и бизнисмени веднаш реагираа и алармираа дека Владата не треба извештајот да го чита само политички и постојано да истакнува дека земјата е со ниско ниво на

Плукни и залепи му етикета на адвокатот

на 5. 09. 2015 | |

[Рецензија: Ефтов: Специјалниот јавен обвинител ќе има мандат за да нема судење за Заев]

  Како да се спои тоа што не се спојува? Тоа е една од најпосакуваните вештини, бидејќи им дава право на тие што се надарени за неа, да ги пронаоѓаат суптилните, скриени врски меѓу елементите кои за најголем дел од луѓето „не се видливи“. Но, кога некој го нема тој дар, а има желба да манипулира, го прави тоа на еден робусен, груб начин и спојува нешто што воопшто нема никаква врзивно заедништво. Таквите продукти се франкенштајновски производи, кои повеќе говорат за нивниот креатор, отколку што имаат говор, односно логична порака во самите себеси. Така е и со медиумските конструкции што спојуваат неспоиви елементи. Тоа го

Забиберено спинување

на 3. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: СДСМ влезе – ама ќе излезе]

  Оваа медиумската содржина во неколку клучни точки отстапува од фактичката состојба и од утврдените професионални стандарди, што ја прави единствено интересна за рецензија. Уште повеќе, можеме да додадеме дека така како што е напишна и така како што се исконтруирани контекстот и нејзината рамка, овој новинарски текст спинува и го насочува вниманието на поенти што не постојат во реалноста. Ајде да го докажеме тоа. Не е тешко. Ако го споредите оригиналниот настап на лидерот на најголемата опозициска партија на денот кога опозицијата се врати во Собранието, ќе видите дека никаде не се спомнува дека СДСМ, доколку на 15 септември не се избере специјален јавен обвинител, ќе излезе од Собранието. Тој на директното

Насила пикнат во туѓи чевли

на 1. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: Mинистерот за надворешни работи, Никола Поповски го призна лошото владеење на власта!]

  Многу е погрешно кога новинарите ги „облекуваат“ изречените ставови на официјалните лица во туѓи, ним несоодветни чевли. Текстот што го рецензираме воопшто не одговара на изнесените ставови во интервјуто. Во тоа интервјуто на кое се повикува авторот на овој текст, нема да најдете никаде експлицитно признание како она од насловот на оваа медиумска содржина: „… Поповски го призна лошото владеење на власта“. Ваква оценка за искажаните ставови во интервјуто се изнесени на прес-конференција во СДСМ. Оттаму, наместо да се повика на СДСМ, порталот објавува текст без извор и изведува заклучоци кои немаат врска со изворните искази. Непрофесионално е да не се направи разлика меѓу изворниот

Канада: Медиумски омбудсман – МРТ: Лекција од 6 милиони денари

на 1. 09. 2015 | |
  CBC – канадскиот јавен радиодифузер. Колаж: СПФМ  

Омбудсманот е само едно камче од мозаикот на јавниот канадски дифузер, но од аспект на состојбата во која се наоѓа Македонската радиотелевизија, можеби е најважниот сегмент од кој треба да се тргне кога се размислува за реформата на МРТ. Најмногу поради узурпацијата на нејзината независност, поради која страдаат сите принципи на независното новинарство и телевизиската продукција, кои треба да бидат во

Личности за отстрел

на 27. 08. 2015 | | sq

[Рецензија: Борјан од грчка плажа со навреди за Егејците]

  Пред нас е уште еден од оние неброени текстови кои служат за да се гонат, денунцираат, да се клеветат луѓе поради искажан став. Хушкачките текстови против таквите луѓе се еден од најупотребуваните „медиумски“ формати на анонимни „новинари“ и на псевдомедиуми, а некои од тие луѓе на нивните листи за „отворен отстрел“. Преку цела сезона. На таа листа се новинарот Борјан Јовановски и професорката и експертка за човекови права д-р Мирјана Најчевска. Нивните изјави во јавноста, ставовите искажани на социјалните мрежи, редовно се дочекуваат на „нож“. Така е и овојпат, во оваа медиумска содржина. Она што станува очигледно е дека воопшто не се одмерува искажаното. Не се вреднува дали навистина има

Политички примитивизам и сеирџиство

на 21. 08. 2015 | |

[Рецензија: Граѓаните со жестока осуда за луксузирањето на Шекеринска]

  Голем дел од коментарите на читателите на интернет-медиумите се исполнети со примитивизам, безобразен воајеризам, омраза, сеирџиство… Веќе се познати оцените за медумската култура кај нас. Дел од концептот за медиумска култура се и начинот и нивото на дебата во медиумскиот простор наменет за тоа, како и уредувачката политика на медиумите по ова прашање. Но, наместо еден позитивно-критички однос по ова прашање, порталот чијашто медиумска содржина ја рецензираме тука, тргнал во сосема спротивна насока од онаа на која се предупредува веќе години и години. И овој портал, како и поголем дел од другите, ги употребуваат коментарите на социјалните мрежи за дополнителна пресметка со политичките неистомисленици за да ја продолжат хајката против

Пронајден искасапен текст – новинарските форензичари пред предизвик

на 20. 08. 2015 | |

[Рецензија: Папата Франциско гради политичка моќ по моделот на Тито и Неврзаните]

  Многу бргу ќе треба да се профилираат нови професионалци кои ќе бидат наречени новинарски форензичари за да можат да детектираат, откриваат и да дешефрираат новинарски текстови и да дадат одговори на вакви прашања: Што сакал авторот да каже? Што бара некој елемент во некој наслов, а го нема во текстот? Дали е тоа натрапник, кој треба да ги прикрие трагите на насилството врз напишаниот збор? Што е тоа што треба да ги поврзе сите делови на телото на новинарскиот текст кој е вака распарчен? Ете, сите овие способности треба да ги поседува еден читател за да може да го дешифрира новинарскиот текст што го рецензираме тука. А,