verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Модел за манипулација

на 15. 10. 2015 | |

[Рецензија: Лекари од земјите во развој ќе се едуцираат по македонски модел]

  Оваа медиумска содржина дефинитивно манипулира. Иако го прави тоа суптилно и не толку отворено како некои други медиуми што ја пренесоа оваа иста вест, сепак, во насловот, со фотографијата, а и со тоа како се структурирани елементите во телото на новинарската содржина, имаме пример за медиумска манипулација. Зошто го тврдиме ова така категорично на самиот почеток на оваа рецензија? Веста во својот наслов најавува дека лекарите во земјите во развој ќе се едуцираат според македонски модел, но никаде не е прецизно нагласено дали тој модел веќе се користи во Македонија, односно дали тој произлегува од актуелните здравствените реформи, кои како политичка програма ги спроведува актуелната власт во

Ништо и сешто во еден ист новинарски текст

на 14. 10. 2015 | | sq

[Рецензија: Талат Џафери се грижи за Македонија повеќе од цел СДСМ]

  Во оваа информација има ништо и сешто. Тоа ја прави многу проблематична. Има „ништо“ кога се обидувате да тргнете во потрага по информации и по аргументи што ги навестува наднасловот на оваа медиумска содржина: „Дипломатите ни ја узурпираат државата“. Во сите учебници по новинарство, како и во практиката, наднасловот ја определува најшироко темата на новинарсткиот текст, а во насловот е фокусот или аголот на приказната. Во нашиот случај, тоа не е така. Освен со една полуреченица дека „дипломатите се мешаат и го уништуваат политичкиот договор…“, нема ништо повеќе за тој аспект на актуелниот политички момент во земјата. Иако, патем кажано, политичките преговори за излез

Мислење врз основа на полуфакти е шпекулација

на 9. 10. 2015 | |

[Рецензија: Нонковиќ: Документите за „Телеком“ ja покажаа мизеријата на политичарите што владееле со Македонија]

Едно е да организираш телевизиска дебатна емисија, а сосема друго од таа дебата да извадиш едно парче и да го (зло)употребиш со проблематични новинарски професионални постапки. Дури и сите дебатери во емисијата да се истомисленици, самата дебата си има своја почетна елаборација на застапуваните аргументи, некаков развој на приказната што гостите ја протежираат и сето тоа, повторно дури и со истомисленици, има некоја смисла. Од друга страна, нема никаква смисла од таа дебата да извадите едно „парче“ и да му дадете некоја важност, некое значење, врз основа на дел од искажано мислење и од тоа да правите автентичен новинарски текст. Тоа, наједноставно, се нарекува – монтажа.

Медиумите имаат право да ги објават информациите од јавен карактер

на 9. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Зврлевски, Маневски и Амди Бајрам со години не плаќаат за вода! Бајрам должи 20 илјади евра!]

  Правото на пристап до информации од јавен карактер е една од привeлигиите на општествено одговорни инсититуции и граѓани, која во голема мера го определува степенот на демократија, транспарентностa и владеењето на правото во една општествена заедница. Да потсетиме накусо, сите граѓани во Република Македонија, без исклучок, имаат право на пристап до информации од јавен карактер. Информации од јавен карактер се информациите со кои располагаат органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни

Бомбите и стравот од слободата

на 7. 10. 2015 | | sq
  Слобода. Фото: pixabay.com
Проблемот настанува тогаш кога државата и претставниците на државниот апарат сметаат дека треба да го определуваат степенот на слободата како што се определува висината на тревата што треба да се кастри.   Пишува: Зоран Бојаровски   „Слободата значи одговорност. Затоа многу луѓе се плашат од неа“ – Бернард Шо   Кога зборуваме, имајќи ги предвид разно-разните фрази за слободата или за состојбата „да се биде слободен“,

„Плагијаторството е неприфатливо…“

на 4. 10. 2015 | | sq

[Рецензија: Повторно утка: Гробницата во Амфиполис не е на Александар Македонски]

  Една многу едноставна и неопходна постапка го дели автентичното, оригинално новинарство и текст од плагијаторството, односно од „крадењето“ текстови. Сѐ што треба да се направи е да се наведе изворот и оригиналниот текст, кој, во овој случај, станува извор за текстот што се презема, а што уредниците утврдиле дека е од одреден интерес за публиката на нивниот медиум. Членот 12 од Кодексот на новинарите е сосема прецизен кога вели: Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот. Линк до оригиналниот напис: Повторно утка: Гробницата во Амфиполис не е на Александар Македонски Датум и време на објавување: 01.10.2015, 08:30 Датум на

Фактите треба да се докажаат за да биде валидно мислењето

на 23. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: Зошто СДСМ ги бара доказите за „пуч“?]

  Би било од голема корист доколку некој има шифра за да го идентификува форматот на оваа медиумска содржина. Пренесена е од печатеното издание на медиумот во рубриката „Македонија“ и ништо повеќе. Ова го констатираме на почетокот на оваа рецензија затоа што стилот на авторот и конструкцијата на содржината повеќе наликуваат на мислење, ама не се ниту тоа. Како прво, содржината формално не е ставена во таква рамка, а како второ, покрај прилично личните ставови во текстот, непоткрепени со автентични аргументи, оваа медиумска содржина е некаов хибрид. Од сѐ и сешто. Но, најмногу од претпоставки и од конструкции кои авторот сам си ги поставува, сам си ги одговара и ги реди според

Битка во дневната соба: интернет против телевизија

на 18. 09. 2015 | |
TV Shows We Used To Watch – Sunday 4th January 1970, BBC1  

Младите веќе не „живеат“ во дневните соби каде што е големата ТВ-кутија. Во Македонија, дури 70 отсто од младите претпочитаат интернет-платформи наместо телевизија. Генерациите кои сега имаат 45 и повеќе години, своите ТВ-навики ги формираа пред 15-20 години. Која ќе биде ТВ-публиката по 20 години?

  Пишува: Зоран Бојаровски   Постојат сериозни индиции дека телевизијата, како медиум,

Новинарски егзибиционизам и перверзија

на 16. 09. 2015 | |

[Рецензија: Кога ќе ги дигитализираме ајварот и сармата]

Големо разочарување доживеа рецензентот на оваа медиумска содржина кога остана без образложение на најавата во насловот дека постои можност да се дигитализираат ајварот и сармата – претпоставува(в)ме, заради презервацијата на овие национални кулинарски вредности. Иако предизвикуваше недоумица наднасловот кој најавува содржина од конференцијата под наслов „Дигитал 2015“ – Конференција за новите трендови во телекомуникациите и медиуми, во смисла: што бараат ајварот и сармата на конференција за телекомкуникации и за трендови, остана малку надеж дека креативноста на авторот на овој новинарски текст отишла дотаму да пронајде врска меѓу нив. За жал, кога ќе го прочитате до крај овој текст, единствено што ви останува да бидете сведок на уште еден „новинарски“ егзибиционизам кој, кон

Непрофесионално и пристрасно

на 16. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: Не е лесно во Битола да си директор освен ако си партиски]

  Навистина е во право читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ) кога наведува серија недоследности што воопшто не соодветствуваат со познатите стандарди за еден професионален новинарски текст. Како прво, нејасна е мотивацијата за текстот и неговата медиумска вредност, кога целиот текст почива на фотографии стари неколку месеци и тоа од една сосема рутинска активност. Освен тоа, читателот на СПФМ со право реагира и кога наведува дека за тврдењата во веста оти родителите и децата биле присилени да учествуваат во уредувањето на училишниот двор, нема извор кој може да го потврди тоа. Некој од родителите. Тоа не е професионална постапка. Линк до оригиналниот напис: