verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Шприцање бензин на огнот

на 8. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Во договор со Спасовски повлечена полицијата и поставени шатори во Бутел]

  Кога се нема ниту најмала одговорност и обврска да се известува вистинито, сеопфатно и потврдено со извори или со други аргументи, тогаш останува јавноста да биде бомбардирана со медиумски содржини кои се пристрасни, со коментари, со навредливи епитети, хушкачки… Но, тоа не е новинарство. Зошто? Како прво, нема ниту еден аргумент што ќе го потврди категоричното тврдење во насловот. Ниту еден извор, ниту една посериозна индиција дека повлекувањето на полицијата и поставените шатори се дело на договор со министерот Спасовски. И не е само тоа. Оваа содржина максимално го изневерува и првото начело на Кодексот на новинарите дека нема да објавува непроверени информации и дека тие треба

Отскочна штица или нечиј мегафон

на 4. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Димитар Стевананџија: Ти си единствениот владика на кого лајковите му се поважни, па и од верата и од работата]

  Методологијата за рецензирање на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, меѓу другото, има утврдено правило дека нема да рецензира колумни. Колумните, мислењата, се лични ставови, и, во согласност со општо прифатените правила во новинарството, тие секогаш се посебно обележани и се објавуваат во рубрики или на места каде што на публиката недвосмислено ѝ е предочено дека се работи за содржина што пренесува такви, лични ставови. Оваа рецензија обработува медиумска содржина која по својата форма е лично мислење, но тоа лично мислење не е означено како лично. Не е ставено во рубрика „Мислења“, туку во рубрика „Македонија“, која е

Да се повторува до „смрт“ и оттаде неа

на 2. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев со притисок врз Јанева за неаргументирани истраги со цел оцрнување на личности од ВМРО-ДПМНЕ]

  Една од најчесто употребуваните техники на пропагандата е повторувањето. Некои зборови, обвинувања, етикети, дискредитации, процеси…, треба доволно често да се повторуваат за да станат „вистина“, односно да го инфицираат слушниот апарат на граѓаните за да отрпне на сензитивноста и на потребата да се посомнева. Не, нема потреба да се сомневате. Ние можеме да ве „убедиме“ во тоа! Имињата и зборовите употребени во медиумската содржина што ја рецензираме се најупотребуваните и најчесто повторуваните во последните два-три месеци во дел од медиумите. Оние блиски до владините политики. Контекстот во кој се ставени зборовите „Заев“, „Јанева“, „Специјално јавно обвинителство“, „наредба“… е, всушност, приказната дека специјалната јавна

„Кукавичките јајца“ на подведувачот

на 29. 02. 2016 | | sq

 

[Рецензија: Дудинка: Шурата на Латас ја сексал Катица Јанева]

  Улогата на медиумите во демократските општества не е да им ја олеснува работата на владите, туку да им ја отежнува со тоа што постојано ќе бидат будни и ќе ги следат и оценуваат нивното извршување на задачите и на обврските. Медиумите, исто така, постојано треба да ги потсетуваат властите дека имаат огромна одговорност правично да ги практикуваат привилегиите за управување со државните ресурси бидејќи за тоа добиле мандат од граѓаните кои ги поседуваат тие ресурси. Оваа, една од многубројните, дефиниции за улогата на медиумите, е применлива само во реално демократски држави. Нашата, пак, според многу извештаи, од кои најиндикативен е оној на Рајнхард Прибе, не е функционална демократска држава.

Кога неодговорна изјава ќе ја „забибери“ веста

на 26. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Скопје за првпат ќе добие монографија]

  Во природата на новинарите е да бидат скептични, сомничави, да прашуваат. Не е тоа ништо лошо. Напротив. Може да ги заштити новинарите од многу непријатни ситуации, во кои можат да ги стават тие за кои известуваат – разните извори, особено политичарите. Текстот што го рецензираме почнува со следните три реченици: „Скопје за прв пат ќе добие монографија. И тоа в година. Веројатно малкумина знаат дека главниот град досега воопшто немал таква печатена книга.“ И тоа воопшто не е точно. На оваа информација реагираа голем број граѓани на социјалните мрежи. Ние, за пример, ќе ја земеме реакцијата на госпоѓа Соња Абаџиева, наша позната историчарка на уметноста, кураторка, автор и уредник на многубројни печатени

Черешна се од корен корнеше, медиум се од партија делеше

на 24. 02. 2016 | |
При клиентелистички однос, новинарските стандарди секогаш се „заклани“. Фото: Flickr/Fosim
 

Кризата во медиумскиот систем е облечена во одората на политичката инструментализација, која произлегува од воспоставениот однос на клиентелизам. Затоа, разделбата оди тешко. Ама, таа е неминовна

  Пишува: Зоран Бојаровски   Според една од најцитираните референци кога е во прашање политичката инструментализација и клиентелизмот, делото Comparing Media Systems – Three Models of Media and Politics на Даниел Халин и

Етичкиот кодекс на МРТ како „тоалетна хартија“

на 24. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Средба на лидерската четворка]

  Вечерниот ТВ-дневник на националната телевизија на 21 февруари го повреди сопствениот кодекс, Етичкиот кодект на МРТ. Во екот на расправата за медиумските реформи, МРТ ги подготви и ги испромовира професионалните и етички стандарди на вработените во јавниот медиумски сервис, од кои поголем дел се однесуваат на новинарите и на нивната работа. Но, еве, не поминаа ниту цели два месеци, а беа прекршени најмалку два значајни члена од нивниот кодекс. Телевизијата сокри факт. Односно, неточно информираа дека на 21 февруари на лидерската средба биле присутни сите четворица претседатели на најголемите политички партии во земјата. Премолче дека на таа средба не беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: Средба на лидерската четворка Датум и време

Новинарско „самоутепание“ од заседа

на 23. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Ванхауте впери пиштол во државата]

  Република Македонија е чудесна земја. Со уште почудесно новинарство. Од Господ дадено за да се пишуваат рецензии за изблиците на непрофесионалност која ги надминува сите граници на возможното. И секогаш изненадува со нови „достигнувања“. „Сервисот за проверка на фактите“ е сериозен проект, но понекогаш треба да се занимава со многу несериозни новинарски производи за кои постојат сосема соодветни квалификации. Ама заради сериозноста и одговорноста на овој проект и на неговите спроведувачи, сепак нема да ги употребиме. За жал. Еден таков изблик е овој, што е предмет на оваа рецензија. Пред нас имаме еден случај во кој еден сосема духовита твитер-објава и мачешко „меме“ се целосно извртени и спинувани во потерница. Во хајка против

Пристрасно загадена пропорционалност

на 22. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Граѓаните знаат кој лаже, а кој работи и на прочистување на воздухот и на проекти за подобар живот]

  Еден од врвните принципи на новинарствотот е вестите да бидат комплетни и пропорционални. Настојувањето вестите да бидат пропорционални во однос на нивното значење е во основата на трагањето по вистината. Новинарството е како картографијата: тоа создава мапи кои на граѓаните им помагаат успешно да се снаоѓаат во општествените системи. „Дувањето“ на настаните заради сензационализам, потценувањето на другите извори, стереотипизирањето и несоодветниот негативен став, не создаваат веродостојни мапи. Имаме извештај од седница на Град Скопје на која се расправало за загадувањето на воздухот во главниот град. Една од најболните и најзагорзувачки теми за здравјето на граѓаните. Но, наместо извештај кој ќе

Сам новинар прашува, сам новинар одговара

на 19. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Сомнителни чекори на Катица Јанева: Повлекува предмети кои немаат никаква поврзаност со прислушуваните разговори]

  Познат е оној стереотип за новинарите како „сезнајковци што ништо не знаат“. Овој текст му оди во прилог на овој стереотип, за жал. Познати и препорачливи се базичните лекции за новинарите, кои велат дека своите текстови, тези и тврдења журналистите треба да ги поткрепуваат со извори. Тие извори, меѓу другото, можат да бидат искуствени, експертски или овластени („Биди новинар“, Б. Героски, Матица македонска, 2005). Темата за која зборува овој текст е иницијативата на СЈО да ги добие предметите: „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „Прикажување на порнографски материјал на дете“, кои им беа ставени на товар на таткото