Нема шизик без ризик
Објавено во: Рецензии
на 14. 04. 2016 | | Автор: Зоран Бојаровски
[Рецензија: Одлуката на Иванов била детално договарана?]
Што е спорно во овој текст? Анонимниот извор од ВМРО-ДПМНЕ. Иако не се исклучени како легитимни извори во новинарството, лекциите велат вакви извори да се користат само во исклучителни ситуации и тоагш кога се исцрпени сите можности и убедувања изворот да зборува со име и со презиме.
Две причини, како исклучок, го потврдуваат ова правило. Прво, одете и убедете некој од една крајно контролирана партиска структура да зборува јавно. Невозможно. Второ, имаме пред нас медиум кој заради својата репутација и заради својот углед никогаш нема да дозволи анонимниот извор да биде виртуелен, измислен. Можам да тврдам дека уредниците на медиумот инсистирале да знаат кој е анонимниот извор и да биде „ковертиран“. Такви се