Гневот и чувството „до ѕид набиени“ не љубат објективност
Објавено во: Рецензии
на 17. 05. 2016 | | sq Автор: Зоран Бојаровски
[Рецензија: Заев рика од Африка: Избори на 5-ти јуни нема да има]
Многу лаги, гнев и навреди во само две реченици (поднасловот) и во насловната конструкција на оваа медиумска содржина.
Како прво, наднасловот „Интервју за Франс прес кое го пренесе само дивината“, ја најавува лагата дека интервјуто на Зоран Заев за француската новинска агенција било пренесено само на „Франс Прес Африка“, односно на „афричкото издание на Франс Прес“.
Порталот на кој е пронајдена како единствено објавена веста на агенцијата за интервјуто со лидерот на македонската опозиција, воопшто не се вика „Франс Прес Африка“. Ниту, пак, е „афричкото издание на Франс Прес“.
Внимателната проверка која не одзема многу време, укажува на тоа дека веста е објавена