verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

ЕУ стави крај на владината пропаганда финансирана со народни пари

на 20. 06. 2015 | | sq, en
Јоханес Хан, главниот преговарач на ЕУ за решавање на македонската политичка криза. Фото: EPP, 2013    

Приоритетите на Европската унија во делот на медиумите, а особено препораките на експертскиот тим на Унијата за состојбите со медиумите во Македонија, во рамките на решавањето на актуелната криза, ставија јасни рамки преку кои не ќе може да се премине за и понатаму да се спроведуваат недемократските манипулативни политички и отворено криминални акробации

Марсовскиот поглед на Ѓорге Иванов врз медиумите во Македонија

на 18. 06. 2015 | |
Претседателот Ѓорге Иванов. Фото: „Телма“, скриншот  

За состојбата во медиумите, претседателот Иванов има гледишта на човек кој како да не бил присутен ни во Македонија, ни на планетата Земја изминативе пет-шест години

  Пишува: Владимир Петрески   Интервјуто на претседателот Ѓорге Иванов на „Телма“ со колегата Атанас Кировски, конкретно делот за медиумите, повторно ни покажа лик на човек кој е изместен од реалноста, кој мора да ја следи линијата

Писмо на граѓанските организации до ЕУ и до САД: Имаме заедничка одговорност во врска со стабилноста и со демократизацијата на Македонија

на 9. 06. 2015 | |
Скопје, 09.06.2015 Ова писмо ви го упатуваме во пресрет на новата рунда преговори која треба да се одржи во Брисел, на 10 јуни, меѓу двајцата лидери на најголемите политички партии во Македонија, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан. Поводот за нашето обраќање, покрај потребата уште еднаш да потсетиме на „црвените линии“ до кои може да се оди во преговорите, е изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, дадена во САД, во која тој, последните парламентарни избори одржани во 2014 година, ги оквалификува како генерално позитивни, притоа, наведувајќи дека извештаите на ОБСЕ/ОДИХР констатираат генерално демократска атмосфера. Поттикнати од ваквата изјава, сакаме да потсетиме дека ефикасно спроведени избори, воедно, не значат и фер и демократски избори. Да не заборавиме дека ОБСЕ/ОДИХР, во извештајот на

Агенција за разузнaвање ли е, мало дете ли е?

на 5. 06. 2015 | |
Од шпионски игри преку воени игри до изгубени животи. И после, новинарите виновни. Фото: Агенција за разузнавање и YouTube скриншот. Колаж: СПФМ  

Македонските шпиони и нивните наредбодавци би си направиле услуга и себеси, но и на демократијата во земјава, ако ги остават детските пориви за одмазда по принципот „кому иде“ зад себе и ако прекинат со недоделканите закани за прогон и за судење новинари, чија единствена вина е што

Уреднички колегиум/средба со медиуми

на 28. 05. 2015 | |
  Почитувани колеги, почитувани медиуми, Ве повикувам на нашиот редовен квартален колегум на соработниците на „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ и на претставници на медиумите со кои сервисот има редовна соработка, а кој ќе се одржи на: – 2 јуни 2015 година (вторник)
– со почеток во 15 часот
– во просториите на „Метаморфозис“ (сала на 3 кат) Како и секогаш, ќе направиме осврт на досегашната работа и ќе разговараме како да продолжиме понатаму со оглед на турбулентниот период во кој се наоѓаме и кој ќе следи и понатаму. Начинот и модалитетите на нашата работа во идниот период, во смисла како најдобро можеме да ги подигнеме стандардите во професијата во актуелните нестабилни политички услови, ќе бидат главна тема

Пропагандниот Путинистан во и околу Македонија

на 26. 05. 2015 | | en
Кремљ во офанзива: Руската војска најдобра, доларот уништен, Путин најпаметен  

Пропагандата на Кремљ во Македонија е предвидлива, груба, примитивна, неизделкана, лесно воочлива и содржи голем јаз меѓу она што таа го кажува и фактичката реалност. Но, токму тоа и може да се очекува – пропагандата и реалноста никогаш не оделе добро една со друга.

  Пишува: Владимир Петрески   „Замислата за една универзална реалност е форма на интелектуален расизам“

„Пуч“ предизвика користење на нова невидена пропаганда во новинарството

на 8. 05. 2015 | |
Пропаганда. JonRo, 2014  

Со објавувањето на прислушуваните разговори власта почна да применува редица нови начини за засилување на својата пропаганда пред јавноста на штета на новинарството и на новинарската професија.

  Пишува: Владимир Петрески     Како се разгорува скандалот за прислушувањето, така се заострува пропагандното манипулирање со јавноста. Особено зашто пропагандата станува сѐ поважна како бојното поле на македонската политика почна да се проширува и на улиците со

Аплицирај за стипендија за новинарска извонредност за 2015 година

на 16. 02. 2015 | | sq

Отворен е повикот за аплицирање за Балканските стипендии за новинарска извонредност. Последниот рок за пријавување е 25 февруари.

Отворен е осмиот повик за доделување Балкански стипендии за новинарска извонредност. На повикот, кој трае до 25 февруари 2015 година, можат да конкурираат новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија, Грција и од Србија. Како и секоја година, на отворениот конкурс ќе бидат избрани 10 новинари. Тие ќе добијат финансиска и професионална поддршка за да направат истражување на теми од регионално значење или од значење важно за Европска Унија. Оваа година, темата на истражувањето е „Вредности“. Испратете ни ја вашата апликација и одберете тема што ќе прикаже еден општествен аспект на „вредностите“. Пријавените кандидати што ќе

Еврообврзницата, одлично средство за медиумски манипулации и пропаганда

на 18. 01. 2015 | |
Има земји на кои не им треба војна за нивните обврзници да послужат за пропаганда. Постер за пропагирање на воените обврзници на САД во Втората светска војна. Фото: National Museum of American History, 2010  

Најголемото задолжување на земјата во нејзината историја, вредно 500 милиони евра, кое се случи лани летото, од провладиниот медиумско-индустриски комплекс сѐ уште се користи за пропаганда и за медиумска манипулација

  Пишува: Владимир Петрески  

Ете ти сега! Требало и да се правдам зашто сум „Шарли ебдо“!

на 11. 01. 2015 | |
Собир на солидарност со „Шарли ебдо“. Брисел, 7 јануари 2015. Фото: Valentina Calà  

Јас сум „Шарли ебдо“. Без задршки и без резерви. Со слободата на изразување не правам компромиси. Дури и кога не се согласувам со начинот како некој ја практикува.

  Пишува: Владимир Петрески   Во Србија почнаа да се реобјавуваат карикатурите со кои сатиричниот весник на својот груб, безобразен и бескомпромисен начин комуницира со јавноста. Двајца српски