verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

Пропагандна обработка на сопствениот народ како да е туѓ

на 22. 02. 2016 | | en
Пропаганда. Фото: Ramón Peco, 2013
 

Актуелната постојана и репетитивна пропаганда кај владините медиуми наликува на шпионска обработка на население во некоја непријателска земја, никако добронамерно и објективно информирање на сопствениот народ.

  „Новинарството го објавува она што некој не сака да биде објавено. Сѐ друго е пропаганда.“ (Џорџ Орвел)   Пишува: Владимир Петрески   Упорното и повторно и повторно објавување на нарачани написи без никакви интервенции од еден

Како консумираме вести во денешното технолошки богато време

на 24. 01. 2016 | | sq
Во тек е битката меѓу традиционалните и новите медиуми за приматот во вестите. Фото: pixabay/СПФМ  

Паметниот телефон граби кон позицијата најважен уред за следење вести, а социјалните мрежи стануваат сè поважна порта на патот кон вестите и со тоа ја зголемуваат важноста на овој уред.

  Пишува: Владимир Петрески   Најдобар начин да се открие како и преку кои уреди и софтверски алатки консумираме вести во денешниов технолошки богат

Време е за храбри и нестандардни медиумски политики во борба против пропагандата

на 13. 01. 2016 | |
Во 1903 – „Слобода или смрт“. Во 2015 – „Пропаганда или смрт“. Фотографии: pixabay. Колаж: СПФМ.
 

Од секојдневното медиумско труење на јавноста со манипулации и со невистини, зависи опстанокот на актуелната власт и егзистенцијата на системот на менаџирана демократија, односно актуелниот авторитарен режим во Македонија. Медиумите за оваа власт се клучни за уште една украдена изборна победа годинава, какви што ги имаше во 2011, 2013 и во 2014 година.

Лажните лични карти и лажните медиуми на власта

на 20. 12. 2015 | |
Уште една работилница за изработка на лажни лични карти. Кога ќе следат апсења, па ослободувања на приведените за тие да можат да си го планираат времето. Фото: screenshot  

„Копи – пејст“, „копи- пејст“, „копи – пејст“ и така цел викенд. На ова се сведува работата на провладините медиуми во претпоследниот викенд од 2015 година, додека здушно се обидуваа на јавноста да ѝ продадат уште едно црвливо јаболко, кое овојпат

20 милиони евра годишно медиумите можат да само да сонуваат, но не и да ги добијат од донаторите

на 24. 11. 2015 | |
Лажна монета од 2 евра, лажен износ од 20 милиони евра. Фото: Европски парламент, 2010  

Информациите за некаков износ од 20 милиони евра, кој странските донатори, наводно, го потрошиле за финансирање медиуми и медиумски активности во Македонија, и тоа само лани, покрај тоа што е комплетно неточен, е и крајно манипулативен

  Пишува: Владимир Петрески   Расфрлањето со бројки, особено со износи пари, а уште повеќе со неточни износи

Свиркачи – странска хипокризија или домашно медиумско замаглување

на 27. 10. 2015 | | en
 

[Рецензија: Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите, во САД се зад решетки]

  Главната теза на овој напис е дека додека кај нас во Македонија се бара законска заштита за свиркачите (дојавувачите), односно лицата што јавно пријавуваат незаконско работење на своите работни места, во САД, ете, тие се прогонувани, што изгледа како обична хипокризија. Покрај ова, во написот има контрадикторни наводи во однос на заштитата на свиркачите во земјите на ЕУ. Линкуван наслов на анализираниот напис: Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите, во САД се зад решетки Датум и време на објавување: 20.10.2015, 17:46 Датум на рецензирање: 27.09.2015 Рецензент:  Владимир Петрески На почетокот, написот критички се осврнува врз состојбата со свиркачите во САД,

И пропагандата не е она што беше: Наместо игнорирање – деманти и засилени контранапади врз критичките медиуми

на 26. 10. 2015 | |
„Banana Propaganda“, за разлика од онаа опасната, овде измислена „пропаганда“ за евтини банани „без коски“. Фото: Travis Morgan, 2010    

Собирање политички поени врз туѓа грешка во новинарството, па дури и измислување грешки кај другите медиуми, глумењето шокираност, барањата за објавување деманти од лица кои таквата практика ја замреа години наназад, зашто поефикасен стана директниот контранапад преку сопствената пропаганда, како и с’скањето на сопствените гласила да се нафрлат врз

Буџетски анализи со партиски шмек

на 19. 10. 2015 | |
Фото: EP, 2013  

Излегувањето на владиниот предлог-буџет за идната година е предмет на еднострани анализи во медиумите, кои ниту сакаат, ниту имаат храброст да ги вкрстат аргументите што не одговараат на политичката опција што се брани.

  Пишува: Владимир Петрески   Како што е и вообичаено кога се носи националниот буџет за следната година, владиниот предлог-буџет е предмет на анализи во медиумите. Медиумите излегоа со написи во кои се

Апел до новинарите и до сите што известуваат или јавно зборуваат за бегалците: Да не причиниме дополнителна штета!

на 29. 09. 2015 | |
Автор: Медиумски круг. Фото: pixabay.com   Бруталната ескалација на вооружените конфликти од Северна Африка до Западна Азија во последната деценија, принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Незначителна е бројката на бегалците и на раселените лица кои успеале да стигнат на европскиот континент и токму ова денес го нарекуваме европска бегалска криза. Политизација на прашањето на хуманитраната катастрофа во европските земји, политичките кусурења и предизборните кампањи, кои наместо со внатрешни социоекономски теми се занимаваат со бегалците, посочувајќи ги како причинители на сите проблеми, создадоа силни општествени поделби и тензии. Традиционалните и новите медиуми, вклучувајќи ги и интернет-платформите, значитално придонесоа кон ескалација на оваа практика, која не само што е спротивна на новинарската етика и на општествените норми, туку и

Заменик-премиерот Пешевски стана новинар – со благослов на медиум

на 24. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Драстично намалена невработеноста во општина Илинден]

  Ова е веројатно една од ретките инстанции каде што потпретседател на Владата на РМ, во овој случај, Владимир Пешевски, ги замени присутните новинари и почна да им поставува прашања на понизок функционер, градоначалник на општина и на надлежно лице во локална градинка пред ТВ-камери (и тоа во овој случај пред ТВ-камерите на втората најгледана национална комерцијална телевизија во земјата). Едноставно, во текот на давање изјава, Пешевски реши да го насочи, да го поттурне градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, со поставување прашања и со тоа да си ја преземе врз себе улогата за вршење „објективно новинарство“, како и да направи бајаги неврзан муабет со надлежно лице на локалната градинка, која во