Како да се испере мозокот!
Објавено во: Рецензии
на 19. 10. 2016 | | Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Прогноза на „букмејкерите“ за дербито на 11 декември: ВМРО ДПМНЕ – СДСМ = 10:0]
Урнек за пристрасно промо-четиво. Материјал што ги исполнува сите услови за да биде пример за тоа како не треба да изгледа професионален текст. Крајно дискутабилна вистинитост, во најголем дел анонимни извори, а и тие што се споменати се со партиска заднина, содржајност со ултранавивачка нота што, пак, подразбира висока пристрасност, многу коментари на место каде што не треба да бидат, преземен текст од друг портал… Училишен пример како не смее да се пишува.
Линк до оригиналниот напис: Прогноза на „букмејкерите“ за дербито на 11 декември: ВМРО ДПМНЕ – СДСМ = 10:0
Датум и време на објавување: 18.10.2016, 08:50
Датум на рецензирање: 18.10.2106
Рецензент: Владимир