Рецензија: Со евтини автомобили до намалување на загадувањето!
Објавено во: Рецензии
на 23. 12. 2013 | | Автор: Владимир Мирчески
Докрај не е јасна причината за постоењето на овој текст. Пласиран е како да станува збор за дневна вест, меѓутоа факт е дека не содржи конкретна информација нова за публиката. Од друга страна, пак, не станува збор ниту за анализа, бидејќи не добиваме „разложување“ на темата која се обработува – нема бројки, нема соодветна фактографија, недостасуваат прецизни извори и соговорници, се забележува отсуство на „background“. Она што го има е едно, би се рекло, општо тврдење, добро познато, дека поновите автомобили помалку трошат и помалку загадуваат од старите. Добро, но дали тоа „општо спознание“ е доволно за да се оправда објавувањето на текстот? Одговорот е не, тоа не е доволно.
Линк до оригиналниот напис: Со евтини автомобили до намалување на