Рецензија: Интервјуто на Груевски за Си-Ен-Ен го растревожи јужниот сосед – реагираше грчкото МНР
Објавено во: Рецензии
на 16. 01. 2014 | | sq Автор: Владимир Мирчески
Овде станува збор за преземен текст, чија суштина е сериозно променета во однос на оригиналот, а за сметка на тоа се има додадено значителна, пред сѐ, политички обоена, конотација. На неколку места се забележува извртување на фактите, обиди за злоупотреба на искористените изјави, а сето тоа „изспинувано“ преку употребениот наслов, а особено поднасловот.
Она што еден светски реномиран медиум го „спакувал“ во извештај кој треба да претставува заокружување на серијата информации за Македонија, во која влегува и интервјуто на премиерот за истиот телевизиски сервис, е „преаранжирано“ во производ кој недвосмислено покажува дека има дополнителна, но поприоритена политичка цел, во однос на примарната – да информира.
Линк до оригиналниот напис: Интервјуто на Груевски за Си-Ен-Ен го растревожи јужниот сосед – реагираше