Рецензија: Героски се дозакопа со насловите во своите медиуми
Објавено во: Рецензии
на 12. 06. 2014 | | Автор: Владимир Мирчески
Двоен удар, или ако сакате со едно замавнување две „жртви“. Така најлесно би се опишал овој напис. Првиот е атак кон опозицијата, а вториот е кон уредник на медиум кој не е по ќеф на власта. Внимателното разгледување на текстот покажува дека имаме каде-каде повеќе партиско-политички, отколку вистински новинарски мотиви за неговото пишување. Истовремено, не може, а да не се забележи високото ниво на непрофесионалност и отсуството на примена и почитување на дел од елементарните принципи како, на пример, каде е ставот на втората страна.
Линк до оригиналниот напис: Героски се дозакопа со насловите во своите медиуми
Датум и време на објавување: 07.06.2014 16:47
Датум на рецензирање: 10.07.2014
Рецензент: Владимир Мирчески