verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Елвис е жив, Џим Морисон, Мерилин Монро, Курт Кобејн, сите се живи, па зошто да не и Аркан

на 7. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Шокантно: Аркан е жив и повторно е покрај Цеца]

  Веќе почнав да стравувам од секое четиво во домашниот медиумски простор што почнува со бомбастичното „шокантно“. За конкретниот текст со право сум стравувал зашто ова е материјал од типот „Елвис е жив, исто како и Џим Морисон, заедно со Мерилин Монро во друштво со Курт Кобејн“. Во овој случај станува збор за српскиот паравоен лидер и криминалец од белградскиот асфалт Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Според напишаното, тој ептен е жив и ужива во слободата и затоа неговата сопруга, фолк-пејачката Цеца, досега не се премажила. Какво сочно парче сензационализам без какви било сопирачки.  Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: АРКАН Е ЖИВ И ПОВТОРНО Е ПОКРАЈ ЦЕЦА  Датум и време

Медиумска конфекција базирана на партиски шнит

на 5. 12. 2015 | |

 

[Рецензија: Катастрофа на последната интерна анкета: СДСМ готви терен за бојкот на изборите]

  Тенденциозно четиво, кое судејќи според размножувачкиот карактер, потекнува од нечија визба, стан, центар, ама сигурно не од кредибилна редакција. Ги занемарува основите на еснафот, се коси со стандардите на професијата и има призвук на една посакувана ситуација, која наликува на изреката „што на бабата ѝ било мило, тоа ѝ се сонило“. Линк до оригиналниот напис: Катастрофа на последната интерна анкета: СДСМ готви терен за бојкот на изборите Датум и време на објавување: 02.12.2015, 10:59 Датум на рецензирање: 02.12.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„ЛАБАВА“ ТЕЗА КОЈА ВИСИ НА КОНЕЦ

Пласираната теза е многу „лабава“ и виси на конец. Се тврди, а во суштина се шпекулира, дека

Пристрасност на „задоволително“ високо ниво

на 1. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Деструкцијата на СДСМ кулминира- блокирани пензии, плати и социјала]

  Ова е текст произлезен од некоја паралелна димензија, во која изгледа дека реалноста не е многу на цена, ама за сметка на тоа, спинот како да е секојдневие во тој алтернативен универзум. Се обвинува опозицијата за некаква си деструкција на државата зашто заменик-министер за финансии од нејзините редови го блокира новото 100-милионско задолжување на власта, за кое е проценето дека е непотребно во толкав обем. Значи, партијата што притиска да нема големи задолжувања што ги плаќаат граѓаните, а не владејчката постава што решава да се заборчува, е обвинета дека сака уништување и блокирање на општеството. Навистина, што димензија ќе беше таа?! Линк до оригиналниот напис: Деструкцијата на СДСМ

И авионите ги убиваат, зарем не?!

на 1. 12. 2015 | |

[Рецензија: Рускиот авион е убиен од Турчин, припадник на турска паравоена организација]

  Како беше онаа народната: „ Брза кучка слепи кучиња раѓа“, или со други зборови, брзањето не носи добро. Е, токму тоа го имаме во овој напис – брзина голема, за грешка преголема. Епилогот е хумористичен наслов кој не би му го посакал никому во информативното новинарство.   Линк до оригиналниот напис: Рускиот авион е убиен од Турчин, припадник на турска паравоена организација  Датум и време на објавување: 27.11.2015   10:20  Датум на рецензирање: 29.11.2015  Рецензент: Владимир Мирчески   ГАФ ВО НАСЛОВОТ  Сум слушнал за разни видови насилства, сум прочитал за свирепост на луѓе кон други луѓе, но и кон животни, ама досега не сум знаел дека авионите може да

Соборениот руски авион и видување изгубено во просторот и во времето

на 27. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: ВИДЕО: Еве кој наредил соборување на рускиот бомбардер!]

  Текст со сопствено, но загубено во просторот и во времето, видување за турското уривање на рускиот „су-24“. На настан, незапаметен во изминатите 63 години во кој земја-членка на НАТО собори руско летало, му се пристапува на еден лефтерен начин, со тврдење дека зад одлуката да се „удри“ врз руското воено воздухопловство стои локален водач на туркменистанските сили во Сирија! Значи, раководството во Анкара има шеф – припадник на паравоена организација на кој му ги исполнува сите желби, па дури и кога ќе каже „Ајде да им урнеме едно авионче на Русите“. Неверојатно, нема што. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Еве кој наредил соборување на рускиот бомбардер! Датум

„Виртуелни“ експерти и навивачки пристап

на 25. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Резултатите од анкетата на ИРИ се шамар за политиките на СДСМ]

  Да немаше таков коментаторски пристап, да имаше вистински, а не „виртуелни“ експерти и да го немаше ептен видливиот навивачки пристап, ова ќе беше коректно четиво. Ама, сите претходно наведени „мирудии“ се искористени и е добиен текст што не кореспондира со познатите, барем минимални, професионални стандарди. Линк до оригиналниот напис: Резултатите од анкетата на ИРИ се шамар за политиките на СДСМ Датум и време на објавување: 22.11.2015, 16:26 Датум на рецензирање: 24.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ДОБАР Е ЗА ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ, АМА НЕ И ЗА ЛЕГИТИМЕН НОВИНАРСКИ ТЕКСТ

Вистинитост во делот на бројките од истражувањето на ИРИ има, ама, за жал, таа е жртвувана и е ставена

Исполитизирано толкување на бројки со недозволени отстапувања

на 24. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Рејтинзите на Груевски, Обама и Меркел во своите држави се слични]

  Спинувачко, непрецизно, недоследно четиво. Задачата на овој материјал е повеќе од јасна: да ја искористи последната анкета на ИРИ, преку неа да го засилува рејтингот на лидерот на владејачката партија и воедно премиер на земјава, да направи конфузија кај јавноста околу бројките во истражувањето, да создаде впечаток на непобедливост на власта и поддршката за Груевски во Македонија да ја стави рамо до рамо со онаа на Меркел во Германија. Навистина, се претера. Линк до оригиналниот напис: Рејтинзите на Груевски, Обама и Меркел во своите држави се слични Датум и време на објавување: 20.11.2015 11:44 Датум на рецензирање: 22.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

35 ОТСТО ЗА ГРУЕВСКИ

Црвен картон за домашна реплика на странски текст

на 20. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: ПУТИН ГО ИЗВРШИ НАЈГОЛЕМИОТ ВОЗДУШЕН НАПАД ВО МОДЕРНАТА ИСТОРИЈА]

  Ова е брз текст. Набрзина и лошо преземен, сплескан уште побрзо и туку-така залепен на интернет. Не само што е пример за copy-paste и најверојатно google translate новинарство, туку и за неквалитетно практицирање на ова копирачко новинарство. Линк до оригиналниот напис: ПУТИН ГО ИЗВРШИ НАЈГОЛЕМИОТ ВОЗДУШЕН НАПАД ВО МОДЕРНАТА ИСТОРИЈА Датум и време на објавување: 18.11.2015 12:47 Датум на рецензирање: 19.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески Написов е тешка копија. Не сметам дека и оригиналот е некое особено „парче“ материјал, но секако е каде-каде подобро од неговата реплика. Прво, македонската верзија прави недозволива грешка од аспект на фото-илустрација. НЕ СМЕЕ напис во кој се опишува, а делумно и воспева, руската

Каменот од блиску доаѓа (од самата власт, не од опозицијата)

на 20. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Антидржавното однесување на СДСМ доведе до конференција за федерализација]

  „Утка“ од текст во секоја смисла. Се потпира само на плукачки елементи, на бајати и на извлечени од конекст изјави, кои се употребуваат како темел за тезата дека опозициското дејствување ќе довело до, како што се вели, одржување на конференција за федерализација на Македонија. Подалеку од вистината не можело да биде. Линк до оригиналниот напис: Антидржавното однесување на СДСМ доведе до конференција за федерализација Датум и време на објавување: 18.11.2015, 12:22 Датум на рецензирање: 19.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СТРАШИЛО-ТЕКСТ

Ова е класична манипулација, без каква било дилема. Се пласира чиста невистина. Притоа, „аргументите“ што се нудат се апсолутно неиздржани и со нив на публиката само ѝ

„Прекутрупа“ нафрлана „екслузивка“, поддржана со анонимни „извори“

на 19. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Македонија во огромен ризик заради некомпетентноста на новиот технички министер Спасовски]

  Неспорно текстов има интересна тема, ама е многу лошо и пристрасно сработена. Пристапот е крајно непрофесионален со недвосмислена оцрнувачка нишка – наместо да се алармира за евентуален пропуст во државните служби, своевиден расчекор меѓу законската регулатива и практиката, намерно и без аргументи се клевети висок владин функционер дека е неспособен. Линк до оригиналниот напис: Македонија во огромен ризик заради некомпетентноста на новиот технички министер Спасовски Датум и време на објавување: 15.11.2015 Датум на рецензирање: 17.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПОВЕЌЕ ЧИТАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА ПРОЦЕДУРА, А ПОМАЛКУ ПРОИЗВОЛНОСТИ

Значи, му се нафрлија на тазе шефот на полицијата како волци на јагне, а еве уште еден пример за