verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Пита од вести, коментари, дисквалификации и од невистини

на 22. 06. 2016 | |
 

 

[Рецензија: „Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го урнат споменикот на Прометеј]

  Ова е текст полн со квалификации и со коментари измешани со самата вест. Веднаш по масовните протести на „Шарена револуција“, вакви и слични текстови, со напади врз демонстрантите и со спинувања, се појавија и по други медиуми кои од јавноста се оквалификуни како провладини. Во конкретниот текст што е предмет на оваа рецензија, има непотврдени и неаргументирани податоци, за кои воопшто не се вложило труд да се проверат. Линк до оригиналниот напис: „Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го урнат споменикот на Прометеј Датум и време на објавување: 20.06.2016, 22:30 Датум на рецензирање: 21.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев „Хулиганите предводени од Зоран Заев и

Приказна што се убива самата себеси

на 21. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЦЕЛ СВЕТ ПЛАЧЕ ЗА ОВАА ФОТКА: Крие потресна приказна]

Ова се тие текстови во кои има претерување уште во насловот. Што се однесува до другиот дел, важи шегата: сам себе се убил! Покрај тоа што написот не зборува на кое место се случила приказната, нема година, ниту месец… сепак има две имиња. Тие, пак, можат да бидат сечии, но тоа не е важно. Важно е дека ова е лош, лош текст или се работи за лош превод.     Линк до оригиналниот напис: ЦЕЛ СВЕТ ПЛАЧЕ ЗА ОВАА ФОТКА: Крие потресна приказна Датум и време на објавување: 19.06.2016, 15:45 Датум на рецензирање: 20.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ИМА ЛИ ЛОГИКА ВО АВИОНОТ!? Текстов, првин, не е договорен самиот

Полувистините и етикетирањата не се дозволени во веста

на 8. 06. 2016 | |
  Текстовите во еден медиум не смеат да бидат полувистини, ниту полушпекулации. Тие треба да бидат проверени целосно и докрај да го расчистат настанот за кој се пишува. Сè друго остава сомнеж дека нешто друго се сака да се постигне со написот, а не информирање, како што е случајот со овој текст. Линк до оригиналниот напис: Изјава на родителот нападнат од платениците на СДСМ: Сакав само да го однесам детето на преглед на детска кардиологија Датум и време на објавување: 01.06.2016/12:46 Датум на рецензирање: 07.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев Написот е тенденциозен и со невистини и навреди, и тоа се гледа уште од првиот пасус: „Вандалите и хулиганите кои протестираат за потребите на СДСМ синоќа нападнаа родител кој само сакаше да

Да се побарало изјава, не би се напишале невистини!

на 7. 06. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Утре СЈО ќе одржи прес за случајот со Мартин Нешковски?]

Информацијата во новинарски текст секогаш мора да биде точна и проверена. Тоа е алфа и омега во новинарството. Основно правило е веста да се провери од два извора, а во случајов тоа не е сторено ниту со еден. А толку лесно можело целиот текст да биде поинаков – тоа би се случило со само еден повик до Специјалното јавно обвинителство (СЈО).   Линк до оригиналниот напис: Утре СЈО ќе одржи прес за случајот со Мартин Нешковски? Датум и време на објавување: 05.06.2016 Датум на рецензирање: 07.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев Зачудува леснотијата со која е направена оваа информација, имајќи  предвид дека портпаролката на посочената институција, Ленче Ристовска, постојано

Напад врз СЈО со сите средства

на 3. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: СЈО продолжува со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите]

  Кога на мета на медиумите наклонети кон владејачката партија ќе се најде некоја институција, тогаш не се избираат средства и начини таа постојано да се напаѓа. Тоа е случајот и со Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Како по наредба, кога има некој нов момент (како што е најавата за прес-конференција), веднаш се зазема борбена позиција и се напаѓа со сите „оружја“. Притоа воопшто не се води сметка дали текстот е професионален или не. Токму таков е и овој напис. Линк до оригиналниот напис: СЈО продолжува со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите Датум и време на објавување: 02.06.2016,15:31 Датум и време на рецензирање: 03.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

САМО ДА

Цело е кога има сѐ

на 2. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Иванов – државник со бројни меѓународни признанија и награди]

Кога еден текст има намера библиографски да анализира некого – во овој случај претседателот на државата – тоа мора да биде направено коректно и целосно. Не смее написот да оддава чувство дека не е сработен како што треба или дека има тенденција нешто да прикрие. А кога ќе се прочита овој текст, се создава силен впечаток на нецелосност, имајќи ги предвид, на пример, гафовите на првиот човек на државата, Ѓорге Иванов, кои изминативе денови ја анимираа јавноста, а во овој текст не нашле место. Но, отсуствуваат и други факти.   Линк до оригиналниот напис: Иванов – државник со бројни меѓународни признанија и награди Датум и време на објавување: 31.05.2016,

ТВ-дневник: Вести без спорт, свет и без концепција

на 1. 06. 2016 | |
Нападни-нападни, брани-брани, фали-фали. Фото: скриншот колаж  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ во 18 часот на 31 мај 2016 година]

 

Во ова информативно издание немаше место за вести од спортот и од светот. Тоа е недозволиво за еден професионален ТВ-дневник во релативно обичен ден, во кој немаше некаков катастрофичен или изненаден настан, кој би влијаел сè друго да биде ставено настрана. Концепцијата на главното информативно издание на

Оцрнувачки и подбуцнувачки текст

на 1. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: КУРИР: Екс советникот на Оливер Спасовски во украинско сценарио]

  Пред нас имаме наменски скроена спинерска конструкција, во која на удар е претставник на раководните структури на најголемата опозициска партија. Истовремено, оваа тенденциозна и манипулативна објава, која прозвучува со нетрпеливост, па и со анимозитет кон социјалдемократот Едмонд Адеми, ја вознемирува публиката, заплашувајќи ја со наводно украинско сценарио. Линк до оригиналниот напис: КУРИР: Екс советникот на Оливер Спасовски во украинско сценарио Датум и време на објавување: 29.05.2016, 11:24 Датум на рецензирање: 31.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СПИНУВАЊЕ СО СТАРИ ОБЈАВИ НА „ФЕЈСБУК“

Написот ги нема потребните елементи на еден коректен новинарски производ – вистинитост, содржајност, објективност. Од стари фејсбук-статуси се прави тенденциозна приказна за Адеми и притоа се изнесуваат злонамерни,

Кафеански муабет и новинарски текст не е исто

на 30. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: СЕКС СКАНДАЛ ВО ЗАТВОРОТ „ШУТКА“ – ВМЕШАНИ ДИРЕКТОРИТЕ!]

Ова четиво е премногу „тенко“, со многу тенденциозни и непоткрепени тврдења. Толку шпекулации на едно место, тешко се наоѓаат во еден напис, па тој многу повеќе наликува на кафеански муабет. Линк до оригиналниот напис: СЕКС СКАНДАЛ ВО ЗАТВОРОТ „ШУТКА“ – ВМЕШАНИ ДИРЕКТОРИТЕ! Датум и време на објавување: 25.05.2016 Датум на рецензирање: 27.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДИСКРЕДИТИРАЊЕ

Целиот текст е шпекулација, од почеток до крај. Во новинарството, секако, дозволени се и шпекулации, но тие секогаш  треба да бидат поткрепени со валидни извори и со аргументација. Написот како извор посочува друг медиум (Центарњуз), но тој не е линкуван, а потоа целосно се потпира на таа објава и ја пласира истата (дез)информација без

Озборувањето како составен дел на животот и на медиумите

на 28. 05. 2016 | |
  Пулицер и Херст – првите тајкуни на жолтиот печат. Фото: Википедија  

Озборувањата се составен дел од животот на луѓето, но прашање е дали таблоидите и „жолтиот печат“ се неразделен дел од социјалната средина и дали тие се само одраз на нашата природа. Влијанието на таблоидите, како и на сите други медиуми во Македонија е големо, како и во светот. Поради големите можности за злоупотреба, потребно е да се