Манипулација со информација заради дискредитација на СЈО
Објавено во: Рецензии
на 19. 09. 2016 | | sq Автор: Владо ЃорчевОвој текст не може да се пофали со вистинитост и со објективност. Нафрлени се некои работи кои не можат да бидат точни, но тоа во написот не се појаснува. Тоа значи дека намерата не е информативна, туку манипулативна, со крајна цел – да се дискредитира Специјалното јавно обвинителство. Линкуван до оригиналниот напис: СЈО против граѓаните и МПЦ кои протестираа против стопирање на изградбата на црквата, а молчат за дивењеето на платениците на СДСМ и СОРОС Датум и време на објавување: 15.09.2016, 12:54 Датум на рецензирање: 19.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев „На 10-ти јуни 2013-та година поголем број граѓани протестираа пред општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои