verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тамара Чаусидис

Слушнете ги дописниците

на 18. 09. 2014 | | sq, en

Условите за работа на македонските новинари се лоши, тоа е веќе апсолвирана тема, но условите на македонските дописници се со еден збор – невозможни! Напросто е невозможно да бидете добри, квалитетни, професионални кога сте сведени на тезгаџија од еден до друг медиум. И сето тоа најчесто – хонорарно, што е еуфемизам за работа на црно.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Што мислите колку слободно, колку храбро и бескомпромисно може да

Петта колона во уривањето на новинарското достоинство

на 3. 09. 2014 | |
 

Зарем недостатокот на самопочит во рамките на самата професија, немањето внатрешна кохезија, конформизмот,  не функционираат како  петтата колона која ја олесни окупацијата на новинарството, како што своевремено поддржувачите на Франко во Мадрид го помогнаа уривањето на втората Шпанска република.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Леснотијата со која полицијата одзема фотографии, како што е последниот случај на новинарот на ТВ НОВА, забранува пристап на новинарите на одредени настани, лесностијата со

За самоубиства не се информира

на 12. 08. 2014 | | sq
 

Секогаш е страшно кога човек умира, можеби уште пострашно, или барем позбунувачки, е и кога тој сам ќе посегне по сопствениот живот. Тоа е информација која стаписува, вест која буди сериозни прашања, но тие прашања се лични и не се решаваат во јавниот аудиториум

  Пишува: Тамара Чаусидис   Во потрагата по вестите „што се продаваат“ денеска никој не е поштеден. За јавните личности тоа е цената која мораат

Професорите штрајкуваат за сите нас

на 29. 07. 2014 | |

Синдикатот на новинарите во своето четиригодишно постоење сведочи за десетици случаи на флагрантни кршења на професионалните, работни и човекови права во кои жртвите решаваат да одмолчат за следните им газди да не ги оценат како проблематични, па да не можат да се вработат.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиевска и Александар Костадиновски, штрајкуваат со глад веќе трета недела. Тие гладуваат, одвоени од семејството, исцрпени, но упорни.

Случајот Бесим Ибрахими – ново стегање на јамката околу новинарството

на 14. 07. 2014 | |
 

Рестриктивната дефиниција  на новинарот преку работниот статус отвора можност неподобните новинари на кои, под притисок на власта ќе им биде прекинат работниот однос или ќе им биде затворен медиумот,  да  бидат прогласувани за “поранешни” и да им биде  одземен професионалниот идентитет.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Апсењето на новинарот на весникот Лајм, Бесим Ибрахими, за време на протестите во Скопје е значајно на неколку нивоа.  Од практична гледна точка

Тишината не е решение

на 30. 06. 2014 | |

Зарем има нешто од она што го сведочиме секојдневно кога станува збор за состојбата на новинарството што веќе не е кажано, за што не е алармирано, протестирано? Не еднаш, туку постојано и постојано. А, работите се лизгаат удолу речиси непречено.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Пораката што како аманет ни ја остави Роберто Беличанец дека „тишината не е решение“ не ја спомнувам пригодно, заради тоа што измина една година како

Економското елиминирање на новинарите го замени физичкото

на 16. 06. 2014 | | sq
 

Оние што сѐ уште имаат работа работат во редакции во кои некогашните редакциски дебати се заменети со вертикален команден синџир, што значи „објавуваш или не објавуваш тоа што ќе ти се каже и како ќе ти се каже“. Уредувачката или новинарска независност се термини кои имаат статус на митски суштества, никој веќе во нив не верува.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Новите отпуштања во ТВ АЛФА се уште една

Се грижи ли некој за Кежаровски?

на 3. 06. 2014 | |

Додека сега се чека Апелација и се издишува незадоволството во новинарската заедница со некакви оптимистички, но нереални сценарија, се прашува ли некој што се случува со тој човек и тоа семејство? Се прашува ли Нова Македонија што е со нивниот новинар што имаше хонорарен статус во моментот кога беше уапсен?

  Пишува: Тамара Чаусидис   Осум новинари, блогери и активисти за заштита на човековите права се уапсени во Азербејџан. Реагираа

Нечуен пискот за смисла

на 19. 05. 2014 | |

Жално е што треба да се случи морална или природна катаклизма, за стегите да попуштат и да се потсетиме на новинарството какво би требало и можело да биде.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Заборавената македонска певица Вања Лазарова и катастрофалните поплави во регионот комплетно ја сменија, барем за извесно време, медиумската содржина, оставајќи нѐ да се надеваме дека промените се, сепак, можни. Сѐ што е потребно се теми кои се

Под сенката на дудинките

на 14. 05. 2014 | | sq
 

Кој јадел дудинки знае: освен што рацете, устата и забите ќе ви добијат темно виолетова боја, дамките од дудинки на облеката едноставно не се мијат.

  На почетокот на минатиот век во Сплит и некои други градови во Далмација шеталиштето покрај морскиот брег , рива, како што ја нарекуваат , беше со дрворед од дудинки. Се додека на локалните жители не им дојде преку глава од зрелите плодови на