Рецензија: ФОТО: Приватните фотки што се кријат во телефонот на една девојка
Објавено во: Рецензии
на 19. 02. 2014 | | Автор: Светлана Јовановска
Еротски или информативен сајт? Ова е прашање што ќе си го поставите ако ја отворите адресата на медиумот кој ви предлага, во самиот наслов, да ги видите приватните фотографии на една девојка.
Девојката се вика Шарлот Спрингер, ни вели сајтот. И се сликала во повеќе провокативни пози. Сајтот не открива која е причината за полуголите фотографии и кому му биле наменети. Категоријата на фотографиите сајтот ја има опишано како «HOT».
Мало пребарување на интернет открива дека Спрингер е британски модел и дека не станува збор за приватни фотографии. На нејзиниот сајт можат да се најдат повеќе провокативни фотографии и видеа кои се на граница на порнографија. На нејзиниот сајт може да се најде и понуда за платено зачленување на сајтот