Вест без правила е како куќа без темел
Објавено во: Новинарски лекции
на 29. 07. 2013 | | Автор: Сунчица Stojanovska
Ова е време кога угледот на професијата е сериозно нарушен од луѓе кои стануваат „новинари“ и кои имаат други цели, злоупотребувајќи ја новинарската – правовремено, точно, јасно и непристрасно соопштување на вистината. Поради нив, но и поради младите колеги, кои влегуваат во професијата во актуелните услови на наметната правна и етичка конфузија за новинарството, ова е и вистинско време да потсетиме на нејзиното височество ВЕСТ, темелот на сите новинарски жанрови.