verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Симона Атанасова

Шпекулативен текст за заплашување на народот

на 28. 02. 2017 | |

[Рецензија: Ако помине договореното на Заев, збогум на Македонија по 26 години независност]

    Текст полн шпекулации, кој има една цел – заплашување и манипулирање на јавноста. Написот е целосно базиран на непроверени и непотврдени информации, а притоа се шпекулира со сензитивни податоци и тврдења. Единствената намера на текстот е да се оформи негативно мислење за коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ преку пласирање непроверени, но и неточни информации, за тоа што содржи договорот помеѓу двете партии. Линк до оригиналниот напис: Ако помине договореното на Заев, збогум на Македонија по 26 години независност Датум и време на објавување: 26.02. 2017, 11:54 Датум на рецензирање: 27.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова  

ПАУШАЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Во написот се користат фрази како, на пример: „во

Чуден „текст“, уште почуден наслов

на 24. 02. 2017 | |

[Рецензија: Фото: Катица Јанева со кривична пријава против Латас]

    Текстот што е предмет на оваа рецензија е проблематичен од неколку аспекти. Ова, всушност, воопшто и не е текст во вистинска смисла на зборот. Станува збор за  копија  од некакво барање за податоци кое, наводно, СЈО го доставило до неколку фирми. Ваквиот „документ“, за кој не е познато како и од кого е добиен, потоа е врамен со проблематичен и чуден наслов. И, тоа е сè! Линк до оригиналниот напис: Фото: Катица Јанева со кривична пријава против Латас Датум и време на објавување: 09.02. 2017 Датум на рецензирање: 17.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова  

ЗБУНУВАЧКА ОБЈАВА

Насловот тврди дека Катица Јанева поднела кривична пријава против Драган Павловиќ-Латас. Кога ќе се

Шега извадена од контекст

на 22. 02. 2017 | | sq

[Рецензија:  Бихаќка е новиот центар на Албанците, а не Мала Речица]

  Текстот што е предмет на оваа анализа целосно манипулира и ги извртува фактите, пренесувајќи само еден дел од изјавата на аналитичарот Сефер Тахири. Тој, при гостувањето во дебатната емисија „Топ-тема“ на телевизија „Телма“, прераскажа шега што ја слушнал од негов пријател. Овој напис, пак, користејќи фрагмент од неговиот исказ, креирал тенденциозна приказна, без притоа да наведе дека се работи за шега. Линк до оригиналниот напис: Бихаќка е новиот центар на Албанците, а не Мала Речица Датум и време на објавување: 09.02. 2017 Датум на рецензирање: 17.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

МАНИПУЛИРАЊЕ

„Албанскиот аналитичар Сефер Тахири, во синоќешното издание на „Топ Тема” изјави дека според кажувањата на негов

Цитирана непостоечка изјава од Лавров

на 20. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог?]

  Во овој напис е преземен дел од текст објавен во друг медиум без претходно да се провери, па таков – непроверен – на читателската јавност ѝ се претставува како вистинит. Австрискиот весник „Дер Штандард“, правејќи паралела на изјавата на американскиот конгресмен Дајна Рорабакер за поделба на Македонија, потсетува на „изјава“ на министерот за внатрешни работи за Русија, Сергеј Лавров, која тој, всушност, никогаш не ја кажал. Линк до оригиналниот напис: Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог? Датум и време на објавување: 09.02. 2017 Датум на рецензирање: 17.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

ПРЕЗЕМЕНА НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

„Сличен предлог за поделба на Македонија, која во времето на бегалската криза и

Манипулација со анкетниот лист на Теута Арифи

на 13. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ: Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила]

  Текстот што е предмет на оваа анализа прави целосна манипулација со факти. Уште со самиот наслов написот тврди дека градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, од позиција на градоначалник успеала да купи пет стана и два автомобили, што е невистина. Линк до оригиналниот напис: ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ: Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила Датум и време на објавување: 03.02. 2017 Датум на рецензирање: 09.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

ИЗВРТУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ

„Одметната градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, успеала да купи пет стана со

Неосновани напади за дискредитација на амбасадорот Бејли

на 6. 02. 2017 | |

[Рецензија: КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ: Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД!]

  Коментаторски и сензационалистички текст кој тенденциозно се обидува да ја дискредитира работата на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и да го обвини за нешто без потврда, докази и без аргументи. Написот користи недоличен и навредлив говор. Истакнати личности се нарекуваат „паразити“ кои се „хранат од дојката на УСАИД и Сорос“. Линк до оригиналниот напис: КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ: Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД! Датум и време на објавување: 02.02. 2017 Датум на рецензирање: 05.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА

Ахмети не донел конечна одлука за формирање влада

на 1. 02. 2017 | |
 

[Рецензија: Ахмети ја донел конечната одлука за формирање на новата Влада]

Текстот се базира на информација наводно објавена во други медиуми, но, всушност, преставува чиста шпекулација. Написот, во време кога се водат интензивни консултации во ДУИ пред истекот на рокот за формирање влада, тврди дека Али Ахмети донел одлука во новата влада да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, а како потврда за тоа цитира некои медуми, иако такво нешто не постои. Линк до оригиналниот напис: Ахмети ја донел конечната одлука за формирање на новата Влада Датум и време на објавување: 28.01. 2017, 11:37 Датум на рецензирање: 30.01.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

НЕВИСТИНА

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети веќе ја донел одлуката да ја направи новата Влада во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ,

Откривање и манипулирање со лични податоци

на 30. 01. 2017 | |

[Рецензија: Срамота: Ѓунер, Милчин, Кабранов, Маричиќ, Ивана Туфегџиќ, Забрчанец и Борјан Јовановски поддржуваат плата од 3.400 евра за Каранфилова од Сорос]

  Коментаторски, навредлив, потценувачки и сензационалистички текст, кој без докази става на тапет одредени личности кон кои се однесува непријателски и за кои, без нивна дозвола, објавува лични податоци. Текстот тврди дека сите личности набројани во написот ја оправдуваат платата на директорката на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија“, Фани Каранфилова. Линк до оригиналниот напис: Срамота: Ѓунер, Милчин, Кабранов, Маричиќ, Ивана Туфегџиќ, Забрчанец и Борјан Јовановски поддржуваат плата од 3.400 евра за Каранфилова од Сорос
Датум и време на објавување: 23.01.2017, 16:47 Датум на рецензирање: 28.01.2017 Рецензент: Симона Атанасова  

ОД КАДЕ СЕ ДОБИЕНИ ПОДАТОЦИТЕ?

Уште во насловната конструкција и

Текст во кој нема поткрепи, нема докази – туку само обвинувања

на 18. 01. 2017 | | sq
[Рецензија: Сорос со тактика „Нема правда, нема мир“ протестира и против Трамп]   Текст кој е дефиниција за манипулација. Новинарското дело што е предмет на оваа анализа пренесува текст од српски медиум, но на тој текст тенденциозно му додава коментаторско парче, со кое целосно го менува значењето на оригиналниот текст и ја манипулира јавноста. Написот почува со текст за протестите во САД кои се случуваат неколку дена пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Текстот коректно е преземен од српскиот медиум „Блиц“, но коректноста завршува некаде на половина од текстот. Другата половина е додавка која нема никаква поврзаност со оригиналниот текст и е лепенка која служи за вршење пропаганда.   Линк до оригиналниот напис: Сорос со тактика „Нема правда,

„Скандал“ без доказ и без потврда

на 16. 01. 2017 | | sq
  [Рецензија: СТЕВЧО И БЕТИ УЖИВАА ВО МОСКВА – ВРАБОТЕНИТЕ БЕЗ ПЛАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ!] Шпекулации и непотврдени информации, презентирани коментаторски, се нудат на јавноста како потврден „скандал“. Написот е тенденциозен и сензационалистички, но не донесува никаква потврда дека тоа што го пишува е вистинито. Во текстот е наведено дека „медиумот дознава“, се вели дека информациите се од „дел од вработените“, но нема ниту една изјава на вработен во Општината, па макар и анонимна. Доколку изворите сакале да останат анонимни, тоа треба да биде соодветно наведено и истакнато, што не е случај со овој напис.   Линк до оригиналниот напис: СТЕВЧО И БЕТИ УЖИВАА ВО МОСКВА – ВРАБОТЕНИТЕ БЕЗ ПЛАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ! Датум и време на објавување: 11.01.2017 Датум