Рецензија: Кежаровски е осуден според Законот за заштита на сведоци предложен и изгласан од СДСМ
Објавено во: Рецензии
на 11. 11. 2013 | | Автор: Саше Димовски
Модерна форма на „новинарско истражување“ каде што се прави класична манипулација со фактите и замена на тези, при што, авторот од лисјата што се обидува да ни ги открие, не успеал да ја види шумата. Или не сакал!
Текстот, поткрепен со извод за гласање од Собранието на Република Македонија од 2005 година, кога се носел Законот за заштитени сведоци, треба да не убеди дека не е важно дали осудениот новинар бил виновен или не, дали правилно се водела постапката, дали се утврдиле фактите, зошто толку долго траел притворот, туку најважно е дека е осуден според закон кој бил донесен во времето кога СДСМ бил на власт. За споредба, во американските медиуми нема да најдете обвинување против тие кои го донеле