Рецензија: Цело СДСМ и СОРОС вклучени во протестите на студентите
Објавено во: Рецензии
на 9. 12. 2014 | | Автор: Мирослава Симоновска
Пред нас се наоѓа текст, кој е еден од повеќето во кои се прави обид без фактичка аргументација и со спин протестите на студентите да се дискредитирааат, да ѝ се припишат на опозицијата и да се обезвреднат. Иако повикот за протест е на студентското движење „Студентски пленум“ и во него се повикуваат да учествуваат сите граѓани независно од нивните политички погледи, сепак, во овој медиумски производ се прави врамување, односно обид со истакнување на фактите само делумно, а не целосно, да се создаде слика дека протестот е партиски мотивиран. Во повикот на „Студентски пленум“ стои дека протестот е натпартиски, иако во него се повикуваат да учествуваат и тие граѓани што се дел од партија (што е, впрочем, и нивно
