verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Бакал од Кичево плати 1,88 милион евра за акции во „Европа“

на 19. 07. 2013 | | sq
Прилогот за една, навидум, обична берзанска активност, на овој портал добива димензии на првокласна вест, дури и сензација, заради откривањето на идентитетот на правното лице кое купило акции на скопската фабрика „Европа“. Оваа проширена вест докажува дека големите вести понекогаш лежат во малите, секојдневни работи, само ако се покаже малку поголемо љубопитство, односно кога на една вест ќе и се даде поголема содржајност. Линк до оригиналниот напис: Бакал од Кичево плати 1,88 милион евра за акции во „Европа“ Датум и време на објавување: 15.07.2013, 14:29 Датум на рецензирање: 16.07.2013 Рецензент: Љубомир Костовски Вистинитост: „Кичевска компанија за трговија на мало, сопственост на едно лице, плати 1,88 милиони евра и купи 18 отсто акции со право на глас во скопската кондиторска индустрија

Рецензија: Министерката за култура не сакаше да одговара на прашања на Телма

на 17. 07. 2013 | |
Вообичаено е пресовите кои ги држат или во кои учествуваат владини министри да бидат организирани во стилот „имаме што и да и соопштиме на јавноста“. Ретки се исклучоците кога новинарите поставуваат дополнителни прашања или го користат присуството на владините чиновници за да дознаат нешто повеќе од нив. ТВ Телма неодамна покажа дека на новинарите, или дел од нив, сѐ уште не им изветреала храброста во насока на поголема транспарентност на власта. Линк до оригиналниот напис: Министерката за култура не сакаше да одговара на прашања на Телма Датум и време на објавување: 11.07.2013 Датум на рецензирање: 14.07.2013 Рецензент: Љубомир Костовски Вистинитост: Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска одби да одговори на прашањето на Телма како ќе се реши проблемот со

Рецензија: Центарци добија бесплатно зонско паркирање

на 17. 07. 2013 | |
„Мнозинството советници изгласаа одлука со која жителите на Центар конечно ќе имаат неограничено бесплатно зонско паркирање на територијата на општината. Со ова се исполни едно од основните изборни ветувања”, рече Жерновски. Ова е цитат од веста која ја објави порталот Скај, а се однесува на крајот на маратонската седница на Советот на Општина Центар, која заврши во средата во 7 часот наутро . Порталот е, се чини, еден од ретките кој благовремено, без оглед на времето на завршување на седницата, извести точно и без подметнувања. Оваа вест целосно се разликува од најголем дел од објавените вести од седницата, кои даваат целосно спротивни содржини за истата вест. Освен брзината и точноста, соодветни на ситуацијата на пазарот на вести во земјата, како

Агенциите кон извештаите мора да пристапуваат со поголема одговорност

на 15. 07. 2013 | | sq
Агенциите кон извештаите мора да пристапуваат со поголема одговорност
Објавувањето на изворите на вести, особено кога се работи за документи во изворна форма (преку нивно објавување на сајтовите), треба да е обврска и на агенциите, како тие би ја јакнеле довербата на читателите и би имале и некаков инструмент на самоконтрола во известувањето. Пишува Љубомир Костовски Со оглед на фактот што агенциските статии се пренесуваат од многу корисници, новинарите, кои известуваат за настани за одредени агенции или нивни сервиси,

Рецензија: Интензивно се гради автопатот Демир Капија – Смоквица

на 10. 07. 2013 | |
. „Работите околу изградбата на новата делница од автопатот Демир Капија – Смоквица се одвиваат интензивно. Со изградбата на оваа модерна делница ќе се комплетира оската од Коридор 10, која поминува низ Република Македонија а нè поврзува со Европа и Солунското пристаниште.“ Ова е рутински вовед во текстот за посетата на премиерот Груевски, потпретседателот на Владата, Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски на Демир Капија, каде е ископана една четвртина (!) од едниот од двата предвидени тунели на оваа делница. На социјалните мрежи имаше полно коментари за изјавата на премиерот дека „станува збор за најголем проект на Балканот, тежок 220 милиони евра“, што од поголем дел од медиумите, кои објавија информација за оваа посета

Рецензија: Заев не се откажува од идентитетот, ама сепак ќе го свитка ’рбетот

на 8. 07. 2013 | |
Дневниот весник Нова Македонија ден после одржување на последниот Конгрес на главната опозициска партија донесе куса информација од неколку редови за Конгресот, која не може да се смета за извештај, бидејќи содржи наслов во кондиционал, има кус текст со назнаки што ќе се случува на Конгресот, кој очевидно е напишан пред да се знае крајот, а веројатно и текот на настанот. Оттаму, текстот објавен следниот ден, во вторникот, кој е предмет на рецензијата, за читателот на Нова Македонија би требало да претставува прозорец за она што се случувало на последната средба на највисоко ниво на социјалдемократите. Извештајот се комбинира со други жанрови и претставува обид на замаглување на еден настан со негово вкрстување со настан, како и изјави на личности

Рецензија: Прометеј не пие „брља“

на 8. 07. 2013 | |
Неколку текстови во нашите медиуми беа посветени на забавата што по повод националниот празник на неговата земја ја направил шведскиот амбасадор во земјава. Причината лежи во своевидниот перформанс, кој бил изведен на забавата, а кој според медиумската кампања бил насочен против земјата – домаќин. При највнимателното прочитување на тие текстови не е можно да се сфати каде лежи „вината“ на амбасадорот и каде е навредата за нашата земја? Го поседува ли само таа правото самата да прави јавни перформанси со еден митски лик, кој инаку му припаѓа на целото човештво? „Не е тајна дека има и граѓани на оваа земја кои се потсмеваа на споменикот и што е уште пострашно, се потсмеваат на борбата што тој ја симболизира. Но тоа

Рецензија: „Метаморфозис“ донесе консултант на контроверзен руски алигарх да нé учи за медиуми

на 15. 06. 2013 | |
„Невладина организација донесе контроверзен консултант во Македонија. Маркус Икстад, кој учествуваше на конференција за медиуми во Македонија е советник на контроверзен руски олигарх.“ Ова е воведот на прилогот за предавачот што Метаморфозис го донесе на неодамнешната конференција, посветена на одржливоста на новите медиуми.

Рецензија: Со странски пари се урива слободата на новинарството

на 10. 06. 2013 | |
„Со странски пари се убива слободата на новинарството во Македонија. Наместо за развој на медиумите , парите на странските претставништва во земјава кои се слеваат во невладините на СОРОС се користат за јавен отстрел на сите оние медиуми кои не се согласуваат да ја тераат соросовата опозициска агенда. Последен во низата проекти со кои СОРОС го погреба македонското новинарство е таканаречената проверка на факти кој се финансира со парите на американската УСАИД.“ Ова е прилог во кој се дава јавна оценка на проектот Проверка на факти, при што се поаѓа од следните позиции:
  • новинарите кои прават рецензии се тотални анонимуси и докажани соросови платеници;
  • тие се критички настроени кон медиумите кои ја напаѓаат опозицијата;
  • се прави обид преку критиките да

Бајати информации – нови содржини

на 3. 06. 2013 | |
Како едно интервју со рокерот кој е роден во Скопје – Џони Штулиќ, беше лажно продадено како ново од страна на белградски Курир, а кај нас беше без проверување преземено, и тоа често без да се наведе изворот? Пишува Љубомир Костовски